@mirandaa не земај здраво за готово вакви ,,истражувања,,. Се може да се конзумира од храна во умерени количини. Баш се од наведеното. Патем честитки, уживај во бременоста,со лесно! Да не бидам офф Д: Кајгана со сирење и краставичка У:Мандаринки Р: Крашник со спанаќ,сирење и кисело млеко В: Се спремам да правам домашно бурече, бар кога е мрсно,нек е домашно
Д: Малку мрсно парче пица У: смути со капини вишни круша кива банана и лимон.уште Јеховин сведок не му турив на смутиво Р: планирам леќа В:спанаќ печен со јајце и јогурт планирам Железото ми беше 14ка,сега паднало на 12ка па го "креваме" со леќа и спанаќ
Уф, чудна работа месо па ИЧ не ми се јаде од кога останав бремена сите меса ли имаат железо? Свинското? И дали 12ка е многу ниско?
Не ти е многу ниско. Свинското има железо, телешкото мислам исто така. Ако ти паѓа подобро земи нешто да пиеш, тоа знае нагло ептен да падне, ама не дозволувај, месо, спанаќ, леќа, блитва, цвекло, такви работи јади и обавезно вит.ц.
Свинско, телешко, пилешко, што ти одговара. 12 е на долна граница, а допрва ќе ти паѓа таканда гледај да го одржуваш. Мене железото ми беше супер до крај, а хемоглобинот ми беше на долна граница 10,5. Дури тогаш вклучив суплементи. Ништо не е страшно. Добро планирај си ги оброците и супер ќе си 12 железо не е на граница (7.5 е долна граница). Во секој случај внимавај. @ludoto19
Доручек: Кафе, мусли од виталија со црвени овошја и јогурт Ужина: јаболко, 2 сушени смокви и 5-6 бадеми, какао Ручек: Веге домашна пица со многу печурки Вечера: веројатно некој морков и цвекло, плус ако остане од пицата.
Д: Палента со јогурт Р: Супа зеленчукова, мисиркин стек на грил и компири В: Не знам ама изгледа палачинчиња, ќе игра тавата
Д:Млеко и бисквити по пола саат малку домашен баник у:2 киви и портокал р: ајвар со сиренце и колбаси в:некое овошје ќе биде
Да ја активирам темава. Сабајле чаша чоколадно млеко. Доручек : ѓеврек и јогурт Кафе и мандарини, чоколадо. Ручек : Свинско месо, пире, 3 кришки леб и кромид Пак кафе, бадеми и суво грозје. Вечера : две варени јајца. Сега планирам чаша млеко, па после киви. Маж се јави, нарачал чикен. Ајде ќе се изеде и тоа.
Д: Варено јајце,путер и јогурт Р: Гравче В: Може да се прескокне а може и млекце и бисквити Во меѓувреме смоки, банана, мандарина, сок од цвекло и морков и некоја наполитанка
Женски ај малку да ја активираме темава. Некако ич немам апетит за здрава храна откако сум трудна, а кога некој ќе ми даде идеја ми е мн полесно што да јадам. Ај да не бидам мн оф. Д. Половина мазник со спанаќ и сирење Р.сулфаки (мн нездраво денес ама бев Грција и тоа е. У.1 1 чаша чоколадно млеко У2. Половина банана, неколку јагоди, 2 киви, бадеми, чоколаден прелив и еден ред чоколадо. (Ова е можно да ми биде и ручек) В. Планирам пуканки П.с ајде да ставаме и слики кога ќе направиме некој убав и хранлив оброк и да се мотивираме да јадеме поздраво.
Од вчера Доручек : овошен јогурт Ручек : варени компири,салата од домати и моцарела Вечера : лубеница и праска
Знам,ама вчера беше еден од деновите кога баш ништо во уста не можам да ставам. Понекогаш се обидувам помалку нешто поразлично да внесам,ама вчера баш никако не можев. Се обидувам течности да внесувам,заборавив да напишам.
Minnie 1 да, јас за жал или за среќа не го знам тој момент “не ми се става во уста храна“ или пак лошење. Мене од прв ден ми се отвараше дизната за секаква храна и тоа обилна Сигурно ти е тешко . Jас само пишав дека не е убав пример толку малку да се јаде во бременост. Не е добро ни повеќе од нормално но твојот пример ми заличе на рестриктивна диета. Диета за трудница треба да изобилува со протеини (од животниско или растително потекло кај како милува) и со зеленчук. Со лесно и се најдобро.
Ти благодарам. Не е диета,само единствено нешто што во моментов можам да јадам е претежно сува храна или незачинета (варени компири,макарони без никаков соа,леб и сл.). Сите викаат нормално било додека не ми поминат три месеци,па ќе ми се поправел апетитот,се надевам. Понекогаш можам да јадам и тогш гледам да внесам нешто здраво и разновидно,а другиве денови се е вака. Се надевам уште малку па ќе се вратам во нормала.