Jas ic ne pazam na ishranata ic ama ke pocnam veke moram inace sum 16ned bremena I samo 2 I pol kila imam kaceno
Вчерашно мени: д: проја + јогурт + маслинки у: малинки у2: макијато + цедевитка р: свинско динстано месо со морков и компир + патлиџан салата у: торта со праски + сок домашен од вишна в: црници
пред д: 3 модри сливи д. 1 ѓеврек, 2 варени јајца, 1 домат и 1/2 зелена пиперка у. лубеница р. печено домашно пиле, печени компири со кромид и салата со домати, краставица и пиперка у. пак лубеница у2. 1 чоколадна обланда в. лупени семки од тиква и сончоглед, рибизли и се мислам за 1 банана до после
Одамна немам пишано... Д : Една кришка интегрален леб со намаз од домати Р : Една плескавица од ориз В : Парче пита и чаша јогурт
Пред Д: бадеми и индиски оревчиња Д во 12: пирошка пржена со сирење и јогурт кај Џеко Битола У: сладолед и крем бананчиња Ручек во 7: мало парче стек, леб и патлижан. Вечера: јаболка и круши петровки.
Денешно мени: Д: си каснав од вчерашната проја со јогурт крај 9ч па крај 12 пак исто У: банана Р: печурки со морков и кромид + кисели краставички У: сливи Вечера неможам, презаситена сум од ручекот, превкусен беше
Доручек- пола тост, наутро само за тоа ми текнува, најбрзо ми ги смирува мачнините.. Ручек- крајче леб со аргета Вечера- чинија ориз и зелка салата, без леб.. Денес од овошје ништо, имав многу киселини..
Пред д. 1 чаша какао со кафеав шеќер и 3 зрна аронија ( со оваа аронијава на глава ви се качив на сите. Се надевам барем дека има некој ефект за крвта.) П. Интегрален леб и лутенка У. 3 модри сливи и 2 нектарини Р. Чорба со морков, црвена леќа, тиквица и кромид. Интегрален леб и салата од зелка, морков и цвекло У. Лубеница еден куп В. Рибизли планирам и после 12 можи сладолед малце оти цел ден го мислам. Посно денеска моето мени во чест на св. Наум
Д : Едно ѓеврече и чаша јогурт Р : Леќа,кришка леб и сирење В : Овошен јогурт *Инаку ми рекоа дека сирење не било баш добро за време на бременост. Не сите видови,туку некои само. Знае некој нешто во врска со тоа?
Д.аргета паштета со крајче лебче У.модра слива Р.супа и ориз со пилешко домат и лебче У.парче торта со лимонада В.две домашни кифлички
Доручек- две кришки ајвар и сирење Ручек- компир салата со крем сирење и лимон, се прејадов Вечера-нешто малку ке каснам, салата и или две варени јајца или кришка ајвар. На толку малаксаност и гадење не знам од каде таа желба за јадење ми доаѓа..
д. парче сирење, домат, зелена пиперка и неколку парчиња интегрален леб у. смути со модри сливи, аронија, рибизли и банана р. манџа грашок со телешко месо, зелка салата со морков, цвекло и краставица и интегрален леб у. уште 1 чаша од смутито у2. смоки в. лубеница пс. во последно имам многу киселини навечер и ми се појавија хемороиди. Стварно не знам каде грешам со јадењево.
Д: кифла со сиренце Р:пица маргарита + јогурт У:банана + лубеница В:печени компири + кисели краставички+ кечап + маслинки У: си ставив сладолед, каснав 2 лажички и ми дојде неубаво од блажината па го баталив
д. Лепчиња со растопен кашкавал, малку варено телешко месо и домат. у. 4 модри сливи р. летна манџа (печени пиперки, домати и модар домат) 1 колбас и малку сирење у. чоко бисквит в./ Катастрофа ден, кај ич апетит од жешково немам, па и се без врска јадев. Ама барем уште ме немаат фатено киселините.
Доручек- кришка леб и ајвар Ручек-ладен сендвич дома спреман со шунка, кашкавал и домат Вечера-шопска и печено пиле со парче леб.
Д: осминче бурек со сирење со јогурт каснав па ми се слоши од комбинацијата жештина + мрсно У: лион чоколатце + 2 кајсии + сливи Р: кришка леб со павлака и маслинки В: турли тава + салата патлиџан со пиперка У: парче торта со слатко од вишни, мека душа Незнам дали ми е апетитот навистина зголемен или си јадам по дифолт трудна-секогаш гладна...
Чути да не си се подречиш. Јас така до вчера се само гладна и на сите им се фалев дека жешкото не влијае на мојот апетит и оп денес се со сила јадам.