Ајде да ја активираме малце темава. П. 2 варени домашни јајца. Пиперка и домат од мојата градина. Р. Крем супа од домати, тиквичка, црвена леќа, кромид и путер. Салата од краставица У1. Малку лубеница У2. Парче ролат У3. 2 праски и аронија В. Смоки со домашно кисело млеко. Се трудам се да најдам домашно. Барем колку што се можи. А и мојата градина веќе има за берба и сум пресреќна што успеав нешто сама да одгледам. Вежбам за наредно лето да му садам на бебка.
Еве одма и јас да се приклучам Д: кришка леб намачкана со павлака + свежа пиперка Р: кроасан со крем + фанта В: печени компири со салата краставички У: се изнајадов модри сливи, осеќам стомакот уште од сега почнува да свири..
Денешно мени: Д: кифла со сирење У:монте снек тортица Р: лебче со сиренце и 2 свежи пиперки У: 2 праски В: пилешко во бешамел + леб Ќе си поткаснам некое овошје
Кога гледам тука како се храните си викам и јас вака ама после се по старо Вчерашниот ден Цеден цитрон и кафе Д Јуфки со кечап и сирење У парче ролат Р Пола плескавица со пире В пробав да вечерам не ми сакаше душата Денес Д 1/4 вртена пита со спанаќ и сирење
Си го почнав пак денот со кифла со сирење + витанова и кафе. За ручек планирам гравче и салата. Вечера ќе видиме што ќе се најде, рано е Ме фатил мерак за печени пченки со солца...
Уфф не спомнувај пченка. Ама јас ја обожабам варена. На почеток секој ден го терав мм да одиме на шеталиште по пченка. Сега си имам садено моја во дворче и кај да е ќе си имам за варење. Да на бидам офф. П. Салата со домати, краставица и пиперка се од мојата градина. Р. Планирам тавче гравче и салата У. Праски и лубеница В. Веројатно пуканки
Д: јуфки со сирење + сирење+маслинки + јогурт У: банана Р: копанчиња печени со сос од безалкохолно пиво и сенф и зачини+ печени компирчиња + салата патлиџан со пиперка До вечер сигурно ќе мцнеме уште нешто Вчера телепатијата со мајка ми ни проработе, одам кај неа и на маса варени пченчиња Изедов три па цела ноќ неможев да спијам од стомакот.
Вчерашно мени: д: проја со јогурт у: банана р: полнети пиперки + маслинки + леб у: смоки в: компир манџа со краставичка салата у: 2 реда милка Денешно мени: д: кифла со сирење у:банана р:лебче со павлака + маслинки в: ќе видиме што зготвила свекрвица Претерувам во последно време со јадењево... Без осет Се распив газирана вода со лимон овие неколку дена и многу ме освежува. Кафиња по 1 секој ден, второ варам ама пијам една голтка и го оставам.
Д.аргета паштета со лебче и патлиџан У.лубеница Р.компир манџа со патлиџан салата У.праска В.нешто лесно без лебче
П. 2 варени јајца, 3 интегрални лепчиња со сирни намаз лајт, домат и зелена свежа пиперка. У. Аронија неколку зрна Р. Домашнаа пица вегетаријана со тиквички, домати, пиперки, кромид, маслинки, кашкавал и кечап У1 2 праски У2. 1 чоколатче еурокрем В. 2 варени пченки и малку лупен непечен сончоглед
Интересна тема, да се придружам па да видиме после неколку месеци од каде килограмите. П. Едно јајце на око,две парчиња леб, пола калапче фета сирење и банана У. Шејк: капини, малини, јагоди, суви кајсии и 10 лешничиња Р. Пржени тиквички со домат и две парчиња леб У. Една топка сладолед В. Мало парче лазањи Ова за вчера Од се по малце количински, така се тешам.
П. 2 интегрални лепчиња со сирни намаз, 1 домат и 1 свежа зелена пиперка у. аронија и праска р. зеленчукова крем чорба од домат, тиквички, црвена леќа, кромид и путер, 2 парчиња интегрален леб, 1/2 зелена пиперка и маслинки у. сладолед в. истото од ручекот само без леб. + ми се пријаде помфрит па ајде спржив еден компир со малку рендано биено сирење и неколку семки од тиква сега грицкам.
П. Лазањите да не се фрлат, ги дојадов + банана У. Лешници и еден ред темна чоколада Р. Сарма од лозов лист, две кришки леб и кисело млеко У.Атлантис 2школки В. Мала кифличка + парче кашкавал
Да ти кажам не се ништо посебно,порано не ги ни погледнував само маж ми ги јадеше,а сега стандард ми се секое сабајле.
Пред п. Аронија и пола варена пченка П. Лутенка со интегрален леб и парче сирење У1. 1 праска У2. 1 еурокрем чоколатче( со чоколатца од бомбоњера се лажам, оти ако отворам чоколадо отиде цело) Р. Тавче гравче, 1 зелена пиперка,маслинки и 2 парчиња интегрален леб В . Пола варена пченка( да си ја дојадам онаа од утрото) + еве си прибрав овошен јогурт и му се мислам дали да го отворам.
П. Сендвич со : намаз, домат, краставичка, кашкавал У.Банана Р. Супа, парче риба, печен компир и салата од печен црн и црвен домат У: Лубеница В: Намаз, краставичка и планирам едно парче Милка орео.
п. чоколино у1. праска, семки од тиква и аронија у2. едно чоколатце еурокрем р. домашна доматна салца со кромитче и свежа пиперка и пржени компири + интегрален леб малку мацнав во доматите у. свежо цеден сок од морков, цвекло и јаболка, заблажен со домашен мед (работам на крвта демек) в. уште 1 чаша од сокот можно е да каснам и малку сладолед до после
Д. Вегетка У.Банана и малку палачинки Р. Супа од брокула, компир со ќофте,печени пиперки У. Роденденска торта В. Баничка со компир Почнав да јадам глупости.Се скарав со овошјето на една недела да смирам желудник.