Кај тебе е оправдано. И доиш и бремена,па те исцрпуваат Денес на мени: Д. Овесна каша У. Суви колачи безвезни,да се пикнело нешто во уста. Р. Ќе биде лосос со компир салата + марула В. Ќе биде салата марула највероватно
@srekice Со аргетава супер,јас почнав да ја јадам како луда Денес после 3месеци ќе правам ручек Пилешко со ориз и марула салата,мх мх
Немојте бе паштети, забранети се конзервирани работи Ај на здравје ручече, јас уште не сум се решила да направам ручек, свикнав некако на легачката А радо би, ќе помине така денот побрзо ама ете пустото неможам, се штедам Биг лајк за лососот и марулата
Јас не ја јадам често пошто ми сметаат зачини ама пуста убава ми е иначе ист ручек имаме денес ние две.Јас ОБОЖАВАМ да готвам и стално имам ручек. Денешно мени: Д:Печени лепчиња со маргарин,вегета,буковец + домашно малиџано и сирење. Р: Супа со кнедли,ориз тавче со копанчиња, марула со кромидче салата зачинета со лимон В: Тешко да ја има ама или марула салата и пченка ќе биде или банана и млеко.
Две кифлиња од на нога П:кифлиња со кашкавал и чај У:јаболко другата пауза колешките ми направија какао Р:сарма У:палачинки со еуро крем прескокнав овошје денес В:јуфки со сирење и чаша јогурт
П:гаврек ипол и јогурт У:чај,кафе,портокал Р:компир манџа и зелка салата В:урда,к.млеко,ајвар и лепче
и јас сум таква дека здраво ќе се хранам нешто посебно ќе биде бебето? Пробав во првата бременост појќе седев гладна одколку најадена видов не бива и ајт со здравје. Цела бременост со салама мајонез и бисквити со млеко ја поминав. Инаку да го пишам моето денешно (т.е веќе вчерашно) мени. Во 5ипол сабајле пред работа кроасан на пауза смоки за ручек шарска пекарски компир салата зелка без леб кога дојдов дома смоки (денес смоки ден беше) потоа павлака потоа еден портокал... Не знам што беше ручек а што ужина.
П Д: чај,15 тина зрна аронија, смуди( малини, јагоди, банана, јаболко, аронија, чиа семе и јогурт) Д: два тостови со кашкавал и салама и кечап, две лепчиња со мармалад. У: нескафе, чоколадо 3 редици, суво овошје рака(брусница и с. грозје), лажица мед со семе од коприва. Р: домашна супа со просо целер пашканат пилешко, ориз со копанчиња тава, 4 лепчиња интегрален леб и салата ( цвекло, зелка морков). У: смоки, какао, неколку колачи, семки од тиква, оревчиња В: макарони со кечап и сирење - една чинија + мед со семе од коприва Ете го моето вчерашно мени. Епа ајде кажете дали јадам многу... А слаба сум 53 кг, сега во бременост 58кг - 4 ипол месеци.
Ооо Емка фала мила за бодрењето. Си јадам, си имам апетит тоа е... Мм цело време ми вели јади си што ти се јади и колку ти се јади... Јадам највеќе здрава храна ама количински повеќе хаха.
Ваква бев јас на почеток и со килажа и со апетит,толку до крај на 5ти ме држеше,сега се заситувам брзо. Колку што ви се јаде да си јадете ограничувања после За денес кај нас: Д. Овесна каша У. ТUC крекери Р. Ќе биде компири со телешко и марула. В. Салата или овошје бидејќи овошје слабо јадам
Женски,ви ги читам менијата со оброците о ви се дивам,жими се,јас нит имам зголемен апетит,нит ништо,а близнаци носам. Насабјле прво пријам кафе и цедрн сок од портокал,потоа после саат два доручкувам секој ден различно, по едно лепче ако мачкам и обавезно две чаши јогурт,за ручек секогаш е тоа готвено, спанаќ,компир,грашок,боранија,а вечерата ми е секогаш овошје,и тоа по 4 мандарини и 3 киви. Преку ден ужинките ми се јаболко обавезно и смути. Поправена сум за овие 4 месеци само две кила. Да не треба да јадам повеќе??
Ај да куцнам и јас за денес за лапачка, да ми имате идејчиња... Пред доручек (7:30ч.) домашна гибаница, 3 коцки со чашка јогуртче Доручек: Кроасан со зденка и маслинки од Силбо + Битолски чашка Ужинче: Јаболко Уште еден касен доручек: Уште еден кроасан од Силбо, овојпат затворена пица составот, Ужинче:Tuc крекери а и две мандарини ќе следат Ручек во најава: Тава ориз со копанчиња и зелка салата Ужина ќе има пак секако: Домашни колачи ала " За све крива" ама ќе глеам да не претерам Киви ми се во план 3, дека ко помали ми стојат некако, а и една банана Вечера: Лепчиња на тост со нешто ќе ги мачкам и патлиџан одозгора Во 4 наутро пак ќе се ровари низ кујна, ама ќе биде едно до две лепчиња интегрален со намаз или само со кашкавал, колку и во сон да се стаи нешо во клун,да се смири кркот на црева Во моментов сварив какао!
Колку што ти се јаде да си јадеш,ни многу прејадување ни изгладнување. Сам си кажува огранизмот колку му е потребно. Штом немаш апетит не јади со сила.
Свака ти част жено,мене првиот оброк,доручекот ми е накај 11 саат,и ручам најкасно до 6 саат. После тоа ако јадам,може да си умрам од киселини. Ајде може желбата за јадење ќе ме удри покасно
Ти се чудам како успеваш, јас двеве лакомки потстанарки еве на ваков начин само можам 10 кила сум попраена до сеа иако викаат не ми се познавало, не се осеќам тромава, истата сум некако... А ти дозна ли што се твоите??