Сеуште не знам што се,не правев од пренаталните тестови,се сомневаат дека едното е машко,а за другото неможеше да се види. 16 та недела сум на мерење на цервикс,па док. ми рече дека ќе ги ѕирне пак да види што се. Со душа чекам да дознаам. А за јадењево баш му викам на мм,сите феминки си имаат апетит,само јас не,ми вика може ти е рано,му викам може.
Па така е Хепи јади кога ти се јади, ни за килажа никој не ни забележува сега па затоа користете го тоа - кркајте А и убава идеја за Туц . Јас повеќе на бејк ролс бев фрлена, но ќе сменам малку.
Јас ако не јадам немам воопшто енергија и дури тогаш ми се лоши и ми паѓа ептен притисокот. Чим си јадам и сила добивам и немам киселини ( зависи некоја храна ми прави малку киселини но не често). Кој месец си ??? Арно ти вели Хепи колку ти се јади толку, значи твојот организам има од толку количина на храна потреба.
4 ти месец сум, 14та недела, а може и ради киселините внимавам повеќе што јадам,затоа што имам гастритис,и да не речам 80% од јадењата ми прават киселини,пред да останам бремена,бев најдобра другарка со рупурутот,а сега после секој оброк јадам јаболко,колку толку ми ги ублажува киселините.
Ако си имаш проблем со киселините потполно те сфаќам. Порано и јас многу ги имав ама пиев антибиотици и многу ја сменав храната и да знаеш дека ептен ми е подобро. И си јадам и немам киселини. Го знам тоа чувство најнепријатно ... Прави како што ти е најпогодено, и види некои диети за гастритис и чаеви. Бацкии
За добро утро палачинка со еуро крем П:кифлиња со кашкавал У:јаболко и вафле со ванила крем Р:селско месо и потпечени компири со кашкавал У:круша свежа а после ми се пиеше нешто па си направив смути со јаболко киви банана и аронија В:ладно сендвиче со маргарин домати краставици и сирење
Д: Две јајца на око, една зденка, две кришки леб и чаша вода У: парче торта Р:Цеден портокал и лимон + овошна салата У2: Две кришки леб со крем В:супа, салата, месо со компир У: сутлијаш Вчера Д: пастрмајлија У: овошна салата Р: Риба и компирчиња В:Крофна со крем
Доручек: (официјален,пошо имам доста неофицијални ) Два тоста ( не многу големи) со интег.леб, печеница, сирење, плус додаток еден патлиџан. И јогАрт. Ужина: Кекси, банана Ручек: Ослич, пекарски компир и марула со краставица. Ужина: Смути ќе биде, киви,мандарина, јаболко Вечера: Или мачканици на леб, или нешо ќе купам тестасто од кај комшиите До спиење може кекси да се ропнат....
Д - Житарки со млеко , грисини со кашкавал (печени) , кроасан со чоколадо Р - Ориз со месо У - Киви + портокал В - Салата (сигурно цезар )
ПД: чај, аронија, смуди ( малини јагоди, банана,сува смоква, чиа семе, јогурт) Д: 4 интегрални лепчиња - печени со путер, сирење, кашкавал и маслинки. У: нескафе, оревчиња Р: компир салата со риба + 'ржан леб (морам со леб иначе не ме најдува ништо) У: какао, ресани и суво овошје В: не знам сеуште можеби тостови или лепчиња со мармалад
У: Какао и еден портокал Д: Многу малце руска салата и кришка леб Р: Црвена леќа и салата марула,цвекло и морков В: Само што направив домашен сладолед има да го смачкам за вечера
А девојки мене нескафето да не ми штети? Ве гледам никоја кафе не пиете па посебно не нескафе. Бидејќи има кофеин повеќе ама со млеко го пијам. Што мислите? А вкусно ми е и морам за нискиот притисок. Бацкии
Јас пијам нес со млеко само турско ми е повкусно.Ми смета и едното и другото за спиење ама тоа е старост
Последново ме рани хахха конечно после две недели најдов сладолед во прав и го направив одвај чекам уште малку да подзамрзни да го јадам
Јас пијам 2 кафиња дневно , ми кажаа дека не е штетно , и јас ставам многу млеко колку да го разредам
Во првата бременост јадев до 4 месец само краставици и леб , фестивал секоја вечер до 5 месец . Се здебелив 15 кг, со близнаци. Ниту внимавав што јадев, ниту водев евиденција колку. Киселини си имав цела бременост. Сега сум бремена 5 месец, до пред 1 месец што и да изедев го вадев , сега немам никаков проблем ( да не се заречам)
Не пијам алкохол, не пушам (воопшто) е уште кафе да не пијам и кое е задоволството во денот. ќе си пиеме на-здравје
Море ми сметаат и мене и тоа како. Мм си знае, ако заспие пред мене обавезно ќе биде разбуден. Не се седи сама ноќно време 
Јас домашен правев да го пробам каков е и ќе ти пишам и рецепт .Иначе и јас ги сакам оние во прав од КАМ.