Ве читам вака организирани со оброциве и ви се чудам. Јас како усисивач сум. Да земам да пишувам тука цела страна на темава не ме крпи. Само џвакам нешто. Животов ми се сведе на лежење и џвакање со повремени паузи за во вц сва среќа што ништо не ми се фаќа, инаку до сега ко шифоњер ќе станев
Штом не ти се фака , да си лапкаш и ич гајле да немаш срека не ми се фака и на мене , цел живот така ,а бебе се зима сега така да си јадам што ми се јаде и баш ми е гајле веке. На почеток се оптеретував сега веке не
Д: качамак со сирење и јогурт У: овошје Р: зелка салата и благо каснав В: крем супа од печурки и една рака пуканки на синко му украдив.
Добре ни дојде во клубот Од 54 на 70кг сум рипната до 29 недела. И вервај ич не се познава на мене. Ама и височка сум, нормално уствари 170цм. Ич не се грижи ко не ти се фаќа. И јас по цел ден јадам. Имам дури по два доручеци хахха а башка пред доручек и ужини Јади си кога ти се јади, не ќе седиш гладна. Ќе си видиш постепено како ќе качуваш на килажа и потоа дали ти смета, па тек дури тогаш ќе си одлучиш колку да си внесуваш. Според мене повеќе протеини јади јајце, месо ( и заситува месото плус) и млечни производи. Овошје и салати многу нормално и јаткасти плодови доколку јадиш.
Вчера Д. тост со кашкавал,салама,кечап и маслинки Р. не бев гладна ,го скокнав В. шпагети со песто сос, пред спиење чаша јогурт
Вчера: Д. 3 кифлички, крем сир и јогурт У. Смути од пола банана, вишни и цедени 2 портокали У2. Ладен сендвич, со кашкавал и кулен Р. Леќа и марула салата В. 2 лепчиња маргарин, тиквици и кисело млеко
Пу,пу,пу празници не се важат за исхрана.Изедов се што можеше да се јаде Вчера: Д:Телешка чорба па туна со лимон и 2 кришки тонус леб (комбинација немај киселини после) Р: салата марула со 3 јајца У: 2 моркови и,ореви ждерев,чаша соино млеко со 4 јагоди В:Качамак со сирење
Ако почнам да пишувам што се не набутав за празнициве, ке се скапете од читање Што се јаде за празници не се рачуна, поготово за трудни
Јас почнав со 42кг (секогаш сум била слаба) сега сум 54кг, 31+6. Ама буквално се ми е во стомак, малку гради и малку што ми се заобли задникот. На други места грам немам ставено. Јајце не јадам многу често, ми прават гасови со арома опасна по живот. Друго се си јадам. Салати и овошје обавезно. Смути исто така. Јаткасти плодови како глодар сум. И обавезно сладолед. И многу ми сака благо душичката, па си бутам редовно.
Ах исто и јас... не можам да набројам се што јадам, а плус и количината ми е дуплирана... ММ вика дека јадам повеќе од него сега, а тој е прилично покрупен од мене. Е јас имам проблем, кај мене се фаќа... па веќе заличувам на топка . И оваа тема веќе не ја читам, се што прочитам сакам да јадам.... Готово!
Д- кафе , кифла со шунка и кашкавал У- јагоди и круша Р- макарони со сос Д- кроасан со крем В- шопска салата, хамбургер со зеленчук наместо месо
Д. јагоди , киви и 1 кршка црн леб со нутела Р. салати, малку месо и компир В. крекери со авокадо,јајце, патлиџан, малку апетисани + 4-5 благца
Долго време немам пишувано овде не дека заборавам туку дека ништо не јадам немам апетит никаков.За доручек некое сендвиче со кашкавал и зденка за ручек што ќе се најде во мали количини и секоја вечер чаша житарки со млеко чиа семе и замрзнати јагоди малини и аронија.доручегов и вечерава веќе еден месец ми се исти само ручегов ми се менува.страв ми е да јадам и од повраќање и од киселини.Дали некогаш ќе се породам и јассссс
Д: геврече со сирење и јогурт У: банана и капучино Р: риба со компир салата У: јаболче В: рафаело бомбици (неколку дена ги мислам и денес конечно си направив)
Д. 2 лепчиња, патлиџан,тиквици и кашкавал У. Смути Р. Спанаќ, к.млеко и 2 лепчиња У. Печен компир,пола виршла и салата патлиџан и пиперка В. Јогурт со нешто ке видиме што Почнав многу да јадам овие денови, на секои 3 саати ми се пријадува
ПД: аронија, банана Д: пита со спанаќ и чаша јогурт У: кафе, сок У2: 3 интегрални лепчиња со путер, 2 домати, сирење и маслинки У: какао, парчиња чоколаден ролат, една киви Р( касно околу 19часот): супа, 1 пилешки 'ржнич домашен со сирење и спанаќ и салата од краставици В: се мислам сеуште ќе биди нешто полесно иако ми кркорат цревата. Од утре конечно решив ептен здраво да се хранам..
ПД: цеден портокал и кафе Д: пола парче пица и јогурт (ме убиваат киселини) У: чај од нане и 1 бајадерче Р: еден копан динстан и пилешка супа В: кашкавал, салама едно кифле ( на визита бевме) И сега на 3 перници да легнам
ПД. кафе Д. 2 оризови галети со путер од кикирики,мед и банана + овесна каша со чиа и брусница Р. компир манџа и цвекло салата В. 2 парчиња пица и гооолема чаша јогурт
ПД: аронија, банана Д: 3 интегрални лепчиња со путер, салата со домати и сирење овчко У: кафе, 10тина малини, сува брусница, интегрални чоко кекси, чај Р: леќа со 2 лепчиња У: уште малку интегрални чоко кекс Сега одам повторно на нешто здраво. Мислам во ред е, полека го средвам дневното мени