1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневно мени на диеталките

Дискусија во 'Диети' започната од strawberry111, 17 јули 2014.

  1. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    Здраво девојки! Бидејќи има многу од вас што се трудат да ослабнат и да се стегнат а секако тоа не може без добра исхрана , мислев дека темата ќе биде од помош бидејќи колку повеќе членови ќе пишуваат толку повеќе нови идеи за останатите.
    Исто така некои од вас пишуваа во други теми па таму се бунеа и мислам дека оваа тема ќе ви се допадне.Во спротивно - канта!

    Јас и немам некој проблем со тежината но сакам да се хранам здраво и да си го затегнам телото па се трудам да јадам колку што можам поздраво но секако правам и грешки. Еве го моето мени од денес:

    Појадок: Палента и јогурт
    Ручек: 3 печени компири и шопска салата
    Вечера : Шопска салата и 2 парчиња двопек
     
  2. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Појадок 1 средна јаболка и 1 средна праска
    Ручек 1 варено јајце, 1 среден домат, 50 гр сирење и 2 парчиња двопек
    Вечера Овесни снегулки 50 гр со јогурт Баланс 250 мл
    Ужина црно кафе со 1 лажица шеќер и 1 чаша Цедевита :)
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Да ви се приклучам , оти кога пишувам што јадам па и вака јавно имам поголема самоконтрола . :D

    Доручек - праска, кајсија и банана
    Ручек - 2 варени јајца со салата

    Вечера - веројатно салата , гарант ќе има и некоја чашка бело вино , сепак петок е. :wasntme:

    Патем кафето го пијам без шеќер .
     
  4. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    Oчекував повеќе одзив на темата , но за жал нема....

    Инаку од денес :

    Појадок : Овесни снегулки со млеко
    ужина: 2 праски

    Ручек : 2 јајца(варени) , павлака , домати и 3-4 парчиња двопек

    Вечера: Лубеница
     
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Девојки какви се овие дневни менија? Зар со оваа храна ќе можете да функционирате
    и зар мислите дека на овој начин ќе се затегнете?
    Моето мислење е дека немора да бирате мала или средна јаболка, праска, домат... изедете ги најголемите што постојат и не една-две туку колку Ви се сака - нема да Ви се зголемат килограмите од овошје и зеленчук! А, во дневното мени вклучете и малку посно месо или риба - и од нив нема да се здебелите ако бидете умерени!!!
    И при креирањето на дневното мени обавезно запишете - ПЕШАЧЕЊЕ Т.Е. БРЗО ОДЕЊЕ НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ!!! Само со физичка активност ќе успеете да ги согорите вишокот на килограми и внесени калории и секако ЌЕ СЕ ЗАТЕГНЕТЕ!!!
    Ви посакувам успех на сите во борбата со вишокот килограми и успех во обликувањето на цврсто и затегнато тело!!! :inlove:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Ова е дури многу! Какви јогурти, двопеци, сирења и ужини?
    Јас денес јадев само една лажица манџа со компири и ориз, а за ручек туна, и без леб или двопек.
     
  7. redhott

    redhott Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Од денес официјално и јас ви се придружувам.
    Имам 64кг, а висока сум 169см, сакам да дојдам до 57кг.
    Утрово за почеток на денот млака вода со лимон,
    за поручек имав 2 јаболки и кафе, до 12ч испив литар и пол вода,
    во 13ч ужина салата од рендан морков+зелка само со цеден лимон и едно варено јајце,
    за ручек супа со зеленчук без резанци и зелка салата.
    во текот на целиот ден испив околу 2,5 - 3 литри вода + чаша чај од брусница + зелен чај.
    Од физичка активност 30 мин Орбитрек.
    И да, се чувстувам гладно... Ми се јаде топлa баничка зденка маслинка од делишс (facepalm)
     
  8. redhott

    redhott Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Денес до 17ч имав само овошје(2јаболки, кива, банана), 20 бадеми и 3 суви смокви со тоа литар и пол вода.
    За ручек варен ориз со бибер, кари и кромид, и салата.
    За вечера имам бистра супа со зеленчук и салата.
    Орбитрек: 40мин
     
  9. Lovegirl123

    Lovegirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Јас веќе еден месец си применувам свој начин на исхрана мислам дека нема потреба од никакви ригорозни диети едноставно да се внимава на исхраната што не е здраво,,ке споделам со вас што содржат моите оброци :)
    За доручек-или кајгана на малце маслиново масло или пченкарни и овесни снегулки, со една лажичка ленено семе и баланс јогурт.
    За ручек-печен стек исто така на малце маслиново масло претходно обарен да омекне со мешан зеленчук малце ориз и обавезно салата (марула,краставица,брокула,ротквица...)
    За вечера-обично истото од ручекот во помала количина или марула со туна.
    Да не заборавам денот го почнувам со пола исцеден лимон во млака вода, 2л вода и 800мл зелен чај.
    Пилатес-три пати неделно. Искрена да бидам на вага сум само ослабена 3 кила,меѓутоа кога ке се поледнам во огледало изгледам многу повеќе, нормално и коментарите од тие што не ме виделе подолго време) Се надевам ке ви помогнам некако :)