1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дневно мени на доилки

Дискусија во 'Бебе' започната од Bellucci*, 16 мај 2018.

  1. Bellucci*

    Bellucci* Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Откако се породив нон стоп барав по интернет што една доилка треба, а што не треба да јаде, т.е што е она што е здраво за неа и бебето.
    Не наидов на многу информации, па затоа решив да отворам ваква тема. Ако нема потреба слободно нека оди во канта.
    Тука сакам да ги споделуваме нашите дневни менија, а може и со слики. Нешто слично како темата дневно мени на трудници.
    Ја отварам темава бидејќи ептен слабо стојам со идеи за јадење па споделувањето тука можеби ќе ми олесни во изборот што денес да се јаде.
     
    На Lonely1604 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    после темата дневно мени за трудници барав тема дневно мени за доилки,имало ама неактивна за жал.
    Баш ме интересира како би требало да изгледа менито на една доилка. Со оглед на тоа дека се што консумира мајката се лачи преку млекото колку доилките внимаваат на исхраната? Се се јаде или има намирници кои можат да предизвикаат грчеви кај бебињата?
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Моите беа на ексклузивно доење до шестиот месец.
    Јас си јадев се. Менито ми беше како пред тоа и како денес. Дома гледаме да се храниме здраво, домашно готвено, салати и тон овошје дневно. Форсирав да има црвено месо скоро секој ден, цвекло зошто од многу крварење бев анемична. Моите деца немаа грчеви па се си јадев. Ќе си приметиш ако некоја храна му смета на бебето. Пиев многу вода и по 3-4 шољи лакта микс ( првите месеци) . Единствено разлика ми беше што буквално цело овошје и зеленчук ги лупев. Патронажната ме опомена демек таа целулоза можела да му смета на бебето. Ми остана мана и ден денес лупам буквално се.:)
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Јас имам блиска роднина патронажна сестра и она ми кажа вака, да избегнувам грав, грашок, боранија, овошје и зеленчук да јадам све ама излупено, лушпите предизвикувале грчеви, после ми рече да не пијам боза, правела пролив кај бебето, цитрусни овошја да избегнувам, наместо кафе да пијам какао(плус има железо во какаото, па затоа), ми препорача да пијам по една чаша чај за доилки затоа што исто тој помагал за грчевите кај бебе, и сега за сега тоа ми текнува. А и ми рече можеш да си пробаш од све ова, ама да не биде во големи количини. :D
     
    На srekice, paleska3, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Јас сум да не се придржуваме до советите на медицинските лица туку сами да процениме што е тоа што му смета на нашето бебе и истото да го избегнуваме.
    Јас така, не јадев ништо и се придржував до некои "правила" и од денешна гледна точка многу сум грешела.