Добар козметичар

Дискусија во 'Лице' започната од slobodka, 30 октомври 2010.

  1. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам да ми препорачате некој стварно добар козметичар во Скопје.По можноста да имаат третман со Ултразвук!!!Порано одев во Афродите С ама во последно време некако не сум задоволна од нив.
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Афродита јас ич не ги сакам..
    не сум била кај нив на третман али имам пробано некои од нивните производи и за никаде се..
    за добар козметичар незнам баш да препорачам али барај не некој кој е познат или скап, туку кој има искуство..искуството е најбитно, односно години и години работа.. точно дека секој почнува од почетник нели..ама сепак.. ме свакаш ;)
    е сеа незнам ни колку ни какви третмани имаш правено во афродита, али ако имаш направено еден и ако чекаш преку нок да е многу подобро..во тебе е проблемот..односно треба малку повеке трпение и истрајност.. може и афродита не е толку лоша незнам..треба континуитет со твоја работа и третмани
    се најдобро
     
  3. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Не немам правено само 1 третман кај нив туку со години одев таму ама сега во последно време не сум баш задоволна па затоа барам некој нов подобар козметичар.Јасно ми е дека се си бара континуитет па така и негата на лицето.Ми треба како што кажа некоја што е поискусна во работата а не само име на салонот.Фала!!
     
  4. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    знае ли некој добар козметичар во битола? :^)
     
  5. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    За Скопје "Козметика Темов" дефинитивно најдобро работат!!
     
  6. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со козметика Guinot.Слушнав дека е добра, ама ме интересира дали некој од вас има лично искуство да сподели.
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    Јас имам мешани чувства за Темов. Првиот пат кога отидов, сопственичката Цвета ме седна да ми направи картон, ми кажа како имам прекрасно лице само малку кожата ми барала повеке внимание, како ке ми даде од нивните креми и лосион и да идам на 3 недели за да ме сределе. Третман со билки чини 1000 денари, дневна крема 590, ноќна 640 а лосион 490. Третманот е ок, мачкаат гел со билки од нивно производство па ставаат топла маска за да ги отворат порите, па класично чистење и на крај пак маска. Ми се допаѓа што е секогаш чисто, вработените носат маски и униформи. Не ми се допаѓа колку гужва имаат. Според мене, сум дала 1000ка+ и сакам да ме истретираат како што треба а не да ми вадат маска од лице во чекална. Со маска на лице стануваш од кревет, веднаш легнува друга жена. Или треба да стават повеке кревети (има 3), или да закажуваат третмани на поголем временски период. Друга работа е што двата следни пати што сум била, уште два пати ја слушам сопственичката Цвета како на други две девојки ја вергла истата приказна што ми ја кажа првиот пат, од збор до збор. Последниот пат лицето ми го чистеше девојче кое оди на пракса кај нив и врска немаше. У годиниве мои третмани и третмани сум направила, детево ме исчисти како на мојата 3годишна керка да и дадам памукче у раце и да и кажам да ме третира :worried: Лосионот што ми го дадоа ми ја исуши кожата до степен да ми се направија пукнатини по лицето. Цвета плука по Vichy, од кое пред да идам кај нив бев презадоволна, све то било комерцијално и петрохемија а нивните креми можеле да се мачкаат на бебешко газе, може и да е така ама мене не ми одговааат. Си реков ај треба време да се видат резултати па земав и второ паковање од двете, кои ми ги даде керка и на Цвета и кои откако ги донесов дома се раздвоија на составни компоненти, излезе масло на површина. Си отидов у Зегин, Aqualia Thermal Rich и Nutrilogie 2ка па еве после месец дена лицето ми се враќа у нормала.
    Од друга страна една пријателка веке две години користи нивни креми и е задоволна.
    ОК се ама не сум воодушевена, се ми е некако half ass кај нас, никој нема континуитет и да кажеш дека си задоволен од почеток до крај. Ако одите во Темов, очекувајте го говорот на Цвета колку сте убави и ако идете кај неа на три недели (читај иљадарче) ке ве среди. Ако си имате крема што ви одговара, не ја менувајте.
    За акни и проблематична кожа добра е Др.Николина од Медикоз, на Орце Николов е, над Идадија. Таа е барем Дерматовенеролог...
     
  8. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    18
    [mod-reklama:32y753le][/mod-reklama:32y753le]
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    во мојов досегашен живот не сум била на козметички третман
    ама сум слушнала дека добри се:
    ЖАНЕТА ЕСТЕТИК-кај Железничка станица се наога
    Студио Белеза-Капиштец-близу Заводот за Вработување(работи со Колин козметика од Париз-француска козметика) имаат салон и во прилеп а др. весна е сопственичката е дерматолог
    студио Сандра-работат со козметика Афродита-Центар, Капиштец ,Аеродом
     
  10. MeniPedi

    MeniPedi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    Jas prv pat imav problemi so liceto pred 2 godini( aknicki). Mene mi pomogna dr. Nikolina vo Medikoz ( se naoga vo debar maalo kaj Idadija kafanata ) .Do denes si odam povremeno kako ke mi kaze taa i sum premnogu zadovolna. Zenata e lekar dermatolog.Mi se dopaga sto ti posevtuva vnimanie ,ti objasnuva sto i kako da koristis, a pri toa ne e vrzana samo so eden brand pa toj da go forsira. I mi se dopaga sto e podrzuvac na prirodna kozmetika.JAs sum mnooogu zadovolna .

    [mod-kirilica:15zxi5ii][/mod-kirilica:15zxi5ii]
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Jас еве ке ти кажам..
    Отидов, внатре е супер чисто убаво, сама си..и пополнував едно 3 формулари..што ми изгледаше некако без везе..прашањата..ај више да ме прашаат колку пати у вц идам |(
    еден третман е 2000, а ако правиш три наеднаш т.е ако платиш за сите наеднаш, добиваш еден екстра таму за нешто друго..масажа ли нез што беше..
    и ја као ај се подадов, и платив за три!!
    јас лично отидов за акни..да ми го исчисти лицето..таа таму ми рече дека после трите третмани лицето ке ми биде гланц..добро не сеа до толку..али ке ми се исчистело..глупости..и после 3тиот третман немаше никаква разлика..можеби бев почиста малку..али пак имав бубулици и некако немаше воопшто видлива разлика..
    така да лично јас, не бев задоволна..
    бидејки еден третман 2000 денари не е малку..многу е дури..камо ли 6000 :doh: за никаков резултат
    ете тоа е моето искуство
    пак ке кажам, ова е за третманите за акни...може тие другите што им се, лифтинзи, масажи што ти ја знам..може тие се ок.. ама сепак, убаво е внатре, релаксирачко, и најважно чисто :)
    е така, па види си ти што ке правиш :)
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот!!! ;) Да ти кажам сериозно ќе размислам што ќе правам, бидејки навистина 2000 илјадарки не се малку.Со тие пари ќе си направам 3 класични третмани од кој си ги знам резултатите какви се.Фала уште еднаш!!!!!!
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Ноу проблем
    А да те прашам, дали сеуште си во потрага по козметичар?
    бидејки можам да ти препорачам еден, каде што идам веке подолго време и сум многу задоволна, а и не е толку скапо. :)
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Може, пиши ми во ЛП.
     
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Темоф. Дефинитивно се најдобри. :) :) :) :) :) :)
     
  16. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    294
    Ајде и на мене една препорака во лп за добар козметичар по можност не многу скап, онака, нормално, за третман на лице ме интересира. Благодарам
     
  17. CinnamonGirl

    CinnamonGirl Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Добро е козметичкото студио Жанета, (нова железничка станица). Пристојно е средено, девојките фино работат, козметиката што ја користат е квалитетна.

    Цените се, од 500денари па нагоре, во зависност од тоа колку маски ќе ставиш.
     
  18. meche

    meche Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Да потполно си во право,и јас пред некој ден бев кај Др.Николина е ептен сум задоволна премногу внимание ме посвети, а и што е најважно имам подобрување со лицето.
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    во ПАЛОМА БЈАНКА трговскиот центар има едно козметичко студио-многу е убаво средено(не ми текнува како се викаше) скапи се третманите ама имам слушнато дека се супер :)
     
  20. mina.mk

    mina.mk Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали ке може бројчето од др. Николина- Медикоз?