Користам друга крема за на лице. Иначе што е рљзликата од таа козметика што они ја користат и кај некои други за поефтино? Ќе ми се направи ли лицето следниот ден црвено?
Оваа што ја користат е преквалитетна. Мене до сега никогаш не ми било црвено лицето. И да сум имала нешто малце црвено до вечерта ми се има изгубено. А за крема можеш која сакаш ти да си ја користиш послем, тоа е твој избор. Тие само ми понудија дека може да ми порачаат и за дома ако сакам да си продолжам да си користам и јас прифатив иначе немора да купуваш можеш да си продолжиш со истата козметика што си ја користела и до сега.
здраво. на надусниците ми се прават многу поткожни влакненца кои се многу црни и се познаваат многу како да ги отстранам? кога ќе потпораснат ги вадам со чупалица меѓутоа дури да излезат на површина многу се како црни точки се познаваат? поздрав
За твојот проблем решението е ласерска епилација. Со чупањето го стимулираш коренот да расте и го кубеш и тоа што не е црно.Исто така препорачувам и пилинг со зрнца ( скраб) на таа регија (погрубо) за да може вланенцето да пробие на површината и да искочи побрзо.За таа регија што ти е проблем е најтешка за решавање зашто има многу влакна на мала површина.Ова ми е кажано од доктор-дерматолог. Најди си специјалист и реши си го проблемот не биди како мене со години со чупалицата во рака а проблемот стои нерешен. Поздрав
Кажете некој козметичар во Скопје Пошто ќе фатам рендето жими мајка ви кажувам.Мене изгледа касно ме лупа пубертет Немам бубулици ич.Само црнки и некои гнасни малечки Шо не знам што се ама кога ќе се допрам за лице ми се плаче
Не ти треба козметичар, туку хемиска ексфолијација и хидратација. Прочитај низ темите за AHA и BHA киселини, па прашувај ако има нешто нејасно. Ќе склопиме рутина.
Можеш да пробаш и чистење со онаа ултразвучната шпатула ,многу убаво е после лицето и нема црвенила од стискање.
@Feminka22 Можда е подобро да ти ги истискаат црнките на козметичар прво, па после да продолжи со рутина. Не верувам дека црнки така лесно исчезнуваат само со нега. Јас така кога се лечев од поткожни акни морав да ги стискам истовремено. А и сум имала огромни црнки кои само со стискање никако ме би исчезнале. Салицилна е добра опција, некој гел за лице, и хидратантна крема.
Мене ми е страв да одам на козметичар да не ми се влоши состојбата после екстракцијата. Не им верувам некако. Јас сама ги средувам. Инаку ако се многу тврди и не излегуваат, може да се направи ензимски пилинг за да омекнат и полесно да излезат. @Feminka22
Може и така, со онаа една направа не знам како се вика, метална. Ако може некој слика да постира. @Feminka22 Не знам, не сум од ск.
На ултразвучна шпатула ,на таа мислиш ? И јас таа ја предложив бидејќи не остануваат црвени отоци од стискање ама сепак зависи од кожата и нејзината состојба.
Dali znaete Dali uste raboti Dr Nikolina u aerodrom, I Dali vredi da ja posetam? I dali imate slusnat za Dr Vera Vitanova, od Babor ordinacija?