Здраво девојки! Дали може да ми препорачате добар нутриционист што ќе помогне за изработка на режим за исхрана за зајакнување на имунитет за личност што непрекинато со години веќе се бори со уринарни инфекции. Не знам веќе колку антибиотици и инекции прими, бактериите си стојат и што е уште полошо се менуваат. Едната ќе ја излечи, на тест за проверка после антибиотик друга излегува. Не е едната иста постојано, па да кажеме резистентна станала. Кога сме веќе тука, отворена сум и за предлози за добар уролог што се занимава конкретно со бактерии бидејќи досега на сто бевме и сите едното исто го кажуваат - ништо страшно, држ антибиотик и крени си го имунитетот. И за две недели пак милионска инфекција на тест. А бактерии има и во уринокултура, и во уретра, и во сперма. Секогаш уринарни, не се од полово преносливите.
Mora da odis na urolog. Mene mi se slucuva cesto da imam simtomi na infekcija so pecenje na morkraca i bolki vo dolniot del od stomakot. Urinokultura pretezno e cista. Mnogu tecnosti, zemanje na vitamin c 500-1000 , zdrava ishrana i sekojden zemam 1 kapsula od 500mg brusnica. Pobaraj vo aptekite sigurno ima.
Не е за мене, за сопругот е. И цело време оди по уролози и само антибиотици му даваат и ништо не се менува. Еве може веќе 3,4 години со ова се бориме. Инаку пие чаеви цело време, течности исто. Вежба редовно. Крвната слика топ му е. И пак бактериите стојат.
Не, ама на толку уролози поминати никој ништо не му спомнал. Само антибиотици му препишуваат. Има закажано сега пак на 16-ти па ќе прашаме.
Caj divo origano, sekogas mi leci esherihija coli, da ne ima kamen pesok vo bubrezi, imunitetot da se pojaca obavezno, sok jabolko cveklo morkov vo sokovnik eden mesec na gladno svez
Probaj so kordiceps, vidi kade go ima oti ne e bash cest. Kupi go od apteka, i dosta pomaga za imunitet i opsto da go kreni coekot. Cccc samo antibiotici a? Strasno. I neka pie minerali - cink, magnezium i zelezo. Isto i zdrava hrana, neka zaboraj na alkohol i cigari. Dali ima hormoni provereno? I tie mozat mn da poremetat se. Vie gledate urina - toa na drugo mesto mozi si ima zariste. I ako barate urolog, videte na privatno kade ima vo skopje. I za ishrana slobodno obrati mi se vo poraka oti se zanimavam i so nutricija
Фала на советот, ќе го побараме. Инаку пиеше и сирупи за имунитет и на чаеви е постојано. Не пуши, не пие, не јаде благо, не пие кафе. Редовно вежба. Зема витамини. Релативно здраво се исхранува ама мислиме дека може и подобро, па затоа барав мислење за нутриционист. Инаку закажавме кај Еми, ни ја препорачаа, па ќе одиме и двајцата да ни направи исхрана. Хормони нема проверено, ама бактеријата не е само во урина. Ја има и во уретра и во сперма. Буквално насекаде е. А уринарна е, нешто ентеробактер се вика, слична на ешерихија. Не е резистетна, барем не според тестовите. За доктори да не зборам, и на државно и на приватно на 100 веќе бевме, само на тоа пари даваме. И приватно не е гаранција, мора со препорака. Инаку џабе. Ни те дослушуваат, ни нешто повеќе од антибиотик ти кажуваат. А на државно престанавме да одиме кога еден уролог одби на ехо да го гледа иако имаше упат од матична. Или може од интернист беше, не се сеќавам веќе одамна беше. Ни рече: таа ако мислела ехо дека треба за бактерија, она нека ти прави. Страшно.
Фала на совети, имаме чај од диво оригано ама ете досега не помогна. Работи на имунитет активно, ама очигледно нешто не иде. Затоа и баравме нутриционист за помош. Ќе бараме ехо, ме замисливте сега сите тука може и да одиме да платиме од оние систематските прегледи цело тело на ехо што ти го гледаат. Дека очигледно на уролог нема да му текне да го препорача тоа иако се гледаме со доктори веќе со години за проблемов.
Da ispitate i paraziti, onaka cisto informativno,urinarni infekcii i sehualno se prenesuvaat,sve sto ispitiva toj ispituvaj i ti, i sex so zastita obavezno
Здраво....предлог за добар нутриционист кој може да изработи режим на исхрана за лице болно од HCL вид на леукемија
Може ли препорака за добар уролог? би сакала да направам цистоскопија поради тоа што мислам дека имам леукоплакиа .. и ако може искуство од некоја..
Здраво.. утре треба да правам цистоскопија поради здебелување на зид и непријатност после мокрење, ме интересира каков е прегледот дали е болен? Дали има последици?
Јас имам правено пред две три години,пред тоа се изначитав све и свашта и ми беше страв меѓутоа не беше ништо страшно. Ти местат нешто налик катетар мислам незнам точно што е ти ја полнат бешиката со течност те снимаат со камерче сонда незнам што и тоа е тоа. Осекаш само многу притисок за мокрење бидејќи ти е полна бешиката само тоа ми беше непријатно.
Направив излезе дека имам леукоплакија ме праќаат на операција ласерска. Дали некој има правено да сподели искуство?