- Доберманот припаѓа на FCI 2 групата. Матична земја на Доберманот е Германија. Основач на оваа раса е Karl Fridrih Luis Doberman ... по кого оваа раса го носи името Доберман. - Висината на мажјаците е 68 - 72 цм, а висината на женките е 64 - 68 цм. Тежината на мажјаците е околу 45 - 50 килограми, а тежината на женките е околу 40 килограми. Влакното е кратко. Доберманот е признат во црна и кафеава боја. - Доберманот е посебно омилен поради непоткупливоста и вероста кон својот сопственик. Многу е внимателен и претпазлив, и работата на куче чувар и заштитник на семејството ја сваќа многу сериозно. - Доберманот е куче со многу голема интелегенција, се наоѓа помеѓу 10_те најинтелегентни раси, многу брзо учи и сваќа. Многу е темпераментен, и потребно му е многу движење и трчање за да си ја потроши енергијата. - Доберманот не е куче за секого, и неможе секој да го чува. Потребна му е цврста рака и доследен водач.
Многу ја сакам оваа раса на кучиња. Поседуваат ненадминлива елеганција и отменост. Се надевам дека еден ден ќе имам свој Доберман.
Многу убава раса на кучиња ми е доберманот ја поседува таа елеганција,отменост и моќно изгледа.Да би имала можност уште едно куче би земала,а тоа би било токму ова
Јас мислам дека поголем темперамент од Доберманот е Раселовиот териер. Јас имам териерче дома раселче и немате видено темперамент како него за една минута додека да ја затвориш врата е зад тебе. Доберманите се мн убави не се кучиња за секого, јас имав доберманка со шампионска крв од незината баба ама ми почина од лаишманија за жал. Доста се мили и добри чувари ама си сакаат да е се по нивно се интелегентни ама се мн инаетливи татко ми го дресираше и ќе направи одредена команда 2 пати после колку сакаш терај ја да направи како што сакаш ти нема шанси таа ќе си го истера своето.