Вака сега ме интересира нешто, не знам дали сум во соодветна тема, ама би сакал повеќе мислења од женските. Во дилема сум всушност не знам кое да го изберам и дали ланчето да го сменам малку подебело и кое од овие се добри да земам. Се мислам за големото, ама некако ептен големко ми изгледа камчето (а инаку има такви скоро исти обетки па по тоа си мислам да и го земам тоа..). Нема да биди тука за валентајн, а и општо скоро годишнина правиме од кога сме заедно па сакав да и земам нешто... Првата слика третото во прв ред или тоа во вториот ред, или пак на втората слика второто?
Мене највеќе ми се допаѓа продзирното кристалче од првата слика. Тоа второто. Нежно е, не е нападно, а и ќе може да го комбинира со многу работи, на сѐ одговара.
И нејзе и се допаѓаат темни или пак такви безбојни или проѕирни.. и дали ланчето да го сменам (сребро е и ова) со маалку подебело или?
Не мислам дека треба, тоа на сликата си е таман. Плус со оглед на тоа дека кристалчето е нежно и не многу големо, нема потреба.
Не за жал, а и во живо подобро изгледаат, црни се сепак, само големината малку ме "кочи", како преголемо ми делува.
Па еве да речеме нормална големина е она што ти го избра... безбојното кристалче, а другиве се поголеми..
Па не е многу големо тоа. А и нема што да те кочи, нема ништо лошо во впечатливо ланче. Баш е и пропорционално привезокот на ланчето да е поголем од обетките. Не се секирај, земи го ако си сигурен дека бојата ќе ѝ се допаѓа. А и можеш подебело ланче штом е поголем кристалот.