За жал нема кратка содржина за да сликнам, ама ќе напишам во кратки црти што има по ред. 1. Бременост во прво, второ, трето тромесечие (секоја недела што да се очекува, исхрана во бременост, спортување во бременост, симптоми и како полесно да се надминат, совладување на стресот, кои симптоми не смеат да се занемаруваат за време на бременост); 2. Психофизичка подготовка за породување (промени на телото, подготовка за во родилиште, што да се направи пред заминување в болница) ; 3. Доаѓање на родилката дома (техники и правила за правилно доење, исхрана на доилката, постпородилна депресија); 4. Прво среќавање со бебето, прво доење; 5. Првите 7 дена со бебето (посета на патронажна сестра); 6. Прв ден дома-излегување на бебето од болница (менување на пелени, широк повој, нега на новороденче, доење, измолзување, млечна формула); 7. Како да постапувате со бебето (вежби за првите 3 месеци, вежби за 4, вежби за 5 месеци, бањање на новороденче, подготовки за спиење, нега на нокти, коса и кожа, столица кај новороденче, грчеви кај бебето, тоалета на нос, папче, очи, сор, лушпи на темето, како да го држите бебето во првите месеци, совети за смирување на плачот на бебето, зголемена температура на бебето, игри за бебиња до 6 месеци, што учи бебето во второто тромесечие); 8. Исхрана и рецепти, хранливи материи и нивно значење за развојот на бебето, прибор и техники за хранење на бебето, растење на првите запчиња, прошетки со вашето бебе. 9. Приспивни песнички. Книжулето има 175 страни, ако ти значи нешто.
Пошо сме си по практичните подароци, добив од мим водоотпорни чизми, да не ми настинеле ноџињата по снегов