Последен подарок кој сте го добиле/дале? Ми се допаѓа темава.. Последно подарив бонбоњера на другарка, по повод дипломирањето. А последен подарок што го добив е книга.
Последен подарок кој сте го добиле/дале? Поубав подарок од овој нема . Си добив бакнеж од симпатијата Спојлер ( на лице без возбудување )
Џемперче и ташна (јас ги одбрав, а сестра ми ги плати - предвремено си го добив роденденскиот подарок )
од мама добив мобилен телефон и часовник од авон без повод подарив рамка за слика во форма на срце и алка за позитивна енергија(беа хит летово) на момчето добив едно поголемо мече од него
Паричник и бразлетна од дечко ми, плетена тукина, блуза и дигитален апарат од татко ми, корсет од другарка ми Тоа го добив последнава недела А јас, веќе пишав, на дечко ми му купив шал, и 2 новогодишни украси.
Прстен од дечко ми, онаков од камчиња, hand made, одамна сакав и се израдував. Обетки од мајка ми, срцкасти се ептен, новогодишни. Отварач за вино од другарка ми. Постојано го нема низ дома, ми се губи низ фиоки и постојано го барам нејзиниот. Изгледа и' прекисна и ми купи еден за мене.