На внучињата, 2 хелиум балони и чоколади....за роденден. Па чичо кога ќе се врати ќе избереме некој поголем поклон ќе им земеме.
Добив за роденден : -чанта, хулахопки, хеланки, чаши за чај, прстен и обетки, од другарки и последно хеланки хулахопки и чорапчиња од мајката и тетката на дечко ми.
Книгата 50 shades of Grey ја добив од дечко ми пред некој месец. Тие мајка ми што ми ги носи од пат не ги сметам затоа што сум ги нарачала. Последен подарок кој сум го дала е ете ваков. И сестра ми заслжува убави работи во соба. Аааа од следниве, најверојатно прв подарок кој ќе го дадам ќе биде кошула од Масимо Дути за дечко ми. Што е убава, и јас ќе му ја носам.
Фирма си е фирма.Убав гест од газдите новогодишен бонус заедно со подранета плата.Да ми се живи и здрави уште долго.
Дадов подарок за Нова Година...на малото бебе на меУ....украси за нова година-за малата бебушка повеќе да се радува.
Добив подарок (поправо ме извекоа на лотарија на Орифлејм ) Маскара , сенка за очи и сјај за усни. А дадов подарок , пакетче за нова година на братучед ми
Па уште не сме ги размениле , јас ја купив A Clockwork Orange од Anthony Burgess, а ќе добијам филигрански обетки - пеперутки. На мама две карминчиња, на тато парфемче од Антонио Бандерас поздрав, а они на мене - печено прасечко и салата и понекоја мала нервоза и кавга.