Одлично е, со здравје да си го носиш. Јас во зара гледав слично ама 3300 и не го купив. Ке си порачам исто.
Ми подарија Спојлер: Нарцис Во грчката митологија, Наркис (Нарцис) бил многу убав младич обожуван од многу момчиња и девојки, но ниту една љубов не била возвратена од неговото ледено срце. Најпосле, некој од отфрлените обожаватели го проколнал да се вљуби во нешто што му е недостижно. Едeн летен ден, кога жеден се враќал од лов, се спуштил до изворот да ја засити жедта. Во водата го видел својот одраз од чија убавина веднаш бил маѓепсан. Залудно се обидувал со раце да ја прегрне или да ја бакне оваа мамлива слика, која заедно со него се смеела и плачела. Испружен на тревата и маѓепсан од сопствените очи, кои му се чинеле како ѕвезди, заборавил на храна и сон, сè дури не сфатил дека неговата љубов не може да се возврати и дека во водата ја гледа својата пропаст. И како восок што се топи на топлина, така и тој полека исчезнувал од љубовен пламен кон себе. Во часот на смртта единствена го видела Ехо и му упатила последен поздрав. Неговата глава паднала врз зелената трева и вечен сон ги прекрил неговите очи. Ехо и горските нимфи го оплакувале, а кога дошле крај изворот да го погребаат, наместо тело, нашле цвет со жолта чашка и бела круна, кој добил име нарцис.