Баш ради амбалажата многу го засвиѓав. Многу маѓепсувачки и witchy е А цена? Мора преку некој да го нарачам? Не може од страна?
Да упаднам во муабетов јас го користев малку е по тежок за во лето повеќе ми е за во зима и вечерно излегвање, а овој ми е како за во лето само што не е траен
850 пиши во каталогот сегашен, инаку 1400. За нарачки не знам, никогаш немам нарачано, вака само од поклони.
Та мене ми подари зеленчуков букет, годинава темата ни е да е шо поинтересно и посмешно. Ко сме на темата, каснам, ама добив:
Да. Чекам да ми стигнат, едвај чекам. До сега телефончево е супер, се што ми треба е добро на него. Само ме нервира што доаѓа без адаптер и без обични слушалки, само кабелче бе.
И ние чекаме, ама излеа лажат, 10 мејлови им пишавме, и постојано исто викаат, стрпете се, ќе биде, 1 месец исто пишуваат.. Ако не пратат будс, ќе одам до таму што ќе се жалам на официјалната страна на Самсунг дека не измамиле.. Знам за адаптерот, плус 1000рче за него треба.. Гледам и други се жалат, на никого немаат дадено будс до сега, ама нема да им ги оставам слушалки од 100€ туку така..
Можеш сама да си направиш профил на страната на Орифлејм и да си нарачаш, на се имаш 20% попуст + 150 денари ти е достава, и можеш и наредниот каталог да го видиш пред да излезе, да видиш таму да не е поефтин. И не знам дали ова секогаш го прават, ама јас кога нарачав прв пат ми дадоа плус од оној универзалниот балзам со мед и две тестерчиња парфеми.
Па да, полесен е. Не знам за трајност, го прснав пред малку, прееска дури го отворив. Е супер, уште со нив да се расправам. Ми рекоа до 30.06 требало на сите да им ги донесат