Не знам каде да го сместам прашањето па ако е погрешно нека се премести.. Сакам да прашам дали си разменувате подароци за Нова Година со најблиските или што им купувате на вашите внучиња,сестри,мајки итн.. Освен подарок за внучињата јас им купувам уште по нешто ама за оваа година немам идеа.
На секој различно во зависност од тоа што мислам дека сакаат или им е потребно.На сестра ми и земав книга зет ми ракавици и капа,на маж ми ташничка незнам точно како се нарекува.Гледам да не се прескапи а да има за секого по нешто.