Оф топик е знам, ама барав тема не најдов. Ми треба подарок за баш баш богати луѓе,чисто сумљам ддека нешто немаат, дајте ми предлози во приватна порака.
Зависи колку ги познаваш, во зависност од тоа што сакаат или се занимаваат, можеш во тој смер да го наочиш поклонот. Ако не сакаш да погрешиш, добро вино или жесток пијалок, со нешто благо ти е добра комбинација. Поуникатен и персонализиран поклон можеш нешто од monkdolls на Инстаграм не знам дали ги имаш видено дрвените куклички, доколку ти се допаѓа.
Ако е за жена можеш бонсаи дрво од големите, а за маж дефинитивно пијалок, они имат се ама и се добиваат да знаеш.
Пошто се пребогати, голема е веројатноста да имаат многу работи кои ќе сакаш да им ги купиш. Сигурно немаат вила во Монако, приватен остров или можеби лет до вселената. Но, доколку не сакаш да се ставиш во таков трошок, онда добар пијалок, цвеќе или уметничко дело би било топ. А и ваљда ако им однесеш нешто што имаат, нема да помислат во себе - ааа, премалку е овој подарок, сето ова го имаме, не фала, земи си го назад.Битен е гестот.
Се што тебе ти се чини дека е добро,не е вишок .Важно е да добијат од драг човек поклон,а не дали имаат нешто .Убаво ти кажаа,а и некое парче гардероба за сезона, уникатен привезок,уметничка слика,ваучер за козметика,спа третман,идеи милион има,или да уплатиш патување.