Бањарки,исти комплет облека,нешто уникатно а да е интересно.Шолји за чај со некој натпис,било што да е креативно
Нека им е среќна годишнината, да си бидат заедно уште долго. Предлози за подарок: 1. Изгравирани нараквици со датумот на нивната венчавка + нивни иницијали... или пак ако е некоја јубилејна годишнина како 25 години може и тоа да се изгравира. 2. Урамен колаж со неколку убави слики од почетокот на нивниот брак до денеска. 3. Карти за некоја театарска претстава + резервирај вечера во некој убав ресторан за нив двајца.
Честитки баш преубаво.. Можеш да направиш и некој како албум со фотографии низ годините и некое како видео да се сними со честитки и претходни моменти и да се споделат овие работи како на некој организиран семеен ручек
Фала ви женски @ThrinaMist, @rainbowec, @Malesia, @hermosa за препораките. Ми дадовте супер препораки, па се одлучив во СПА-то кадешто ќе одат да им уплатам масажа за двајцата, да се изненадат кога ќе им кажат таму.
Убав избор, нека е честита годишнина ,со здравје да им служи спа третманот.Јас за таква прилика би купила и парче накит,и убава торта и шампањ за да се прослави настанот.
Појдов во парфимерија и изнакупив сет за убавина, за лице, за тело, креони итн, од се по нешто зедов, онака универзално што би си го користела... и утре ќе го дадам кога ќе се видиме..
Си добив пакетче од ВМРО пред врата оставено (иако не сум за никој) ама ко прошли години да имаше помалце работи ? Па и бројот на маица ми го погодиле
Сега многу кредити начукаа па се расфрлаат со пари дури има, затоа поќе ви клале во кесата овојпат. Кафе нема? Големината L со лав бе