Како што аметистот ја носи својата смиреност и убавина, така и ти го осветлуваш мојот свет со својата душа. Среќен роденден, љубов моја — нека секој твој ден блеска со истата енергија што ја имаш во срцето. Аметистот симболизира љубов, мир и мудрост — токму она што ти го носиш во мојот живот. Среќен роденден, прекрасна! Твојот сјај е посилен од секој камен, но нека аметистот те потсетува колку си ретка, мирна и магична. Среќен роденден на девојката што ми е најголемото богатство! eve nekolku predlozi sekako dopisi shto sakas plus
@Stark Според мене, Напиши и краток текст зошто таа е посебна, што ја прави посебна, некои нејзини уникатни квалитети - бидејќи е нејзин ден, не ваша годишница. Пример, "Го обожавам начинот на кој го гледаш светот и сè што допираш го претвораш во нешто магично. Се надевам дека си свесна колку си само посебна и неверојатно убава одвнатре и однадвор." Значи, don't make this about yourself т.е не стандардното, те сакам бидејќи правиш тоа и тоа за мене. Можеш само на крај да вклучиш пример: "Ти си мојата омилена личност и благодарен сум му на животот што те имам "
Можеш нешто и од ова: Со тебе чувствувам мир што не сум го познавал порано. Твојата љубов ми е засолниште и светлина. Ти не си само љубов – ти си спокој, разбирање, и светлина во мене. На овој ден се роди човекот што ми го смири срцето и ми ја разбуди душата. Те сакам. Среќен роденден!
Значи раковите не ги пишат сами пораките .Можеш нешто со твои лични зборови,или фрази од некоја омилена книга и посвета одозгоре од тебе лично секој нареден ден да е твој посебен ден среќен роденден љубов и посветата закачи ја на книгата.Или опис што одговара на аметист и љубовна кратка посвета со твој потпис на неа . Многу убав гест,убаво си одбрал поклон