Од страната на Revolution. Само уште едно инфо во странство сум. Може имаат и достава до Мк провери. Сега се уште поефтини.
Сепак е мајка на дечко ми и не би можеле само со шал да се појавиме на 50ти роденден затоа побарав некои идеи.
Morpho има преубави филиграни, види ако ти се допаѓа нешто. Што ако има накит, нема исто парче како што поседува да и подариш. Ако не сакаш накит има и брошеви, убав подарок ми се и тие. Исто и свилените марами на Кокев многу ми се допаѓаат како за подарок.
Може да ѝ земеш ваучер од некоја златара или парфимерија, па сама да си одбере, така не можеш да згрешиш или да ѝ земеш исто како тоа што веќе го има. Барем јас мислам дека од накит и од ташни никад не е доста. Може и некоја уметничка слика, портрет, карикатура.. зависи дали ја интересираат такви работи. Да ѝ уплатите викенд некој, или бања/спа, некој козметички третман. Исто зависи дали го сака тоа и зависи од буџетот, нели. Сепак, мислам дека ваучер е најдобра идеја, секогаш.