@Trxmx пред некој ден баш му коментирав на маж ми кој би купил толкаво големо мече во една продавница. Многу е убаво. На темава- добив парфем од мајка ми, дадов новогодишни пакетчиња на дечиња.
Исто и јас со другарките стално кога сме поминувале и сме ги гледале мечките, сме збореле замисли некој да ти го купи ова најголемово мече. Фала ти
Ееее Не се важи вака. Баш сакав да ѕирнам што вкус има Добив две поклончиња неделава, од золва ми по повод дека ќе добиела уште една внука : И од свекрва ми за Нова година:
Новогодишно пакетче од маж ми. Откако на работа престанаа да им даваат пакетчиња на тие што немаат дечиња од таа година маж ми ми купува пакетче.Се осеќам ко мало разгалено девојче
Аааа, еее стварно убаво ти одбрал Се знае, паметна жена оди на сигурна варијанта, изненадувањата некад се одвишок
Од комшивка за малата, плус пакетче со играчки и чоколатца. Миризлива свеќа за мене. Јас и подарив сервис за чај и кутија домашни божиќни колачиња. На друго комшивче подарив новогодишно пакетче и тренерки.