Жанр - Драма IMBT- 8.0 Американска фамилијарна драма за Alicia Florrick адвокат кој после долги години посветени на семејството конечно се враќа на работа во адвокатската канцеларија на еден нејзин поранешен пријател од факултет. Таа е истовремено и сопруга на Peter Florrick, кој е на чело на јавното обвинителство во Чикаго но и личност околу која се врзуваат голем број контроверзии и афери со проститутки. Балансот меѓу мајка, адвокат и жена која се обидува да премине преку неверствата на сопругот но и истовремено да го исконтролира она жарче кое сеуште постои помеѓу нејзе и нејзиниот колега е она што највеќе ме воодушеви. Обработува секојдневни теми од нејзиниот живот но и голем број случаеви кои таа моментално ги обработува. Ова е единствена драма што ја следам,и стварно вреди. Моментално е четвртата сезона во тек, ако ја следи уште некој може да споделиме коментари. За останатите топло ја препорачувам.
Како бе серијава нема коментари?? Дефинитивно една од моите омилени!!! Со душа чекам нови епизоди да излезат. А Кери?? ахх Кери... Којшто не ја гледал последната епизода од денес НЕ ЧИТАЈТЕ!! Спојлер Вил е мртов?????/ Луѓе не можам да се соземам!!! Најдобар пар ми беа со Алиша и сега?? /
Спојлер Повеќе ми се свиѓаше кога битките се одвиваа во судницата, наместо вака само со скандали. Треба да ја земат Оливија да им биде поправач, хаус мајстор. Ми фали Вил, не ми е иста серијава без него. Нема хемија некако. Калинда пак западна во проблеми сиромашката, како и секогаш. Сепак, се надевам ќе ја обноват за следна сезона, моментално ми е една од поинтересните што ги следам. И Алиша ми е лик на кој се восхитувам дефинитивно. Не го оправдував на почетокот останувањето покрај Питер, ама подоцна некако ја разбрав постапката. Еден од најдобрите ликови од серија ми е, ако не и најдобар.
Никој не ја гледа серијава? Пропуштате многу. Спојлер: с06е19 Ова избориве маста и ја извадија на Алиша. И се за џабе. Уф... Политиката е ку*ва дефинитивно. Сакаше се со добро да победи, ама ништо. Коку време и нерви потроши...
И јас ја гледам Предобра серија. Спојлер Последната епизода ми се допадна многу, како пак ја враќаат серијата кон правната кариера на Алиша во фирма. Сигурно следната сезона ќе биде со фирмата на Алиша и Луис Кенинг (ама пак се надевам не, не ми се допаѓа Луис ич. ) Инаку Алиша и Фин ми се многу добар пар. Сакам барем нешто да се случи меѓу нив.
Ќе има спин оф серијава со Дајен и Лука. Баш ми е жал што заврши иако не сум баш задоволна со финалето.
Сега ја гледам трета сезона, навистина е поинаква и да сега засега сакам да се заедно Алиша и Вил заедно. Ама како што читам по коментариве ќе има некој нов лик?