Добра ноќ женички мили. Боки стара била си легнувала рано... Оп книгиче во креветче пижамчиња до пупак, чорапчиња термо и спремна за комирање Имав тежок ден денеска, ама помина. Утре нови сили, нели Ве љубам Феминки, имајте убава ноќ и не дремете на Фемина до многу касно, утре обврски ве чекаат
Ќе ве напуштам и јас за брзо. Сиве дена си заспивам пред телевизорот и тоа пред полноќ (почнаа да излегуваат гените на моите на површина). Ама добро, си станувам во пристојно време. Ај бар на некој ред да се научам. Ако ме прекаже брат ми на моите, ќе мислат дека сум се мрднала од умот Завчера дури на мајка ми и‘ реков дека не ми се јаде (мене!). Некои од вас ќе заспијат нурнувајќи се во меките креветчиња , некои од вас (како мене) ќе заспијат пред телевизор манијакално гледајќи некој филм . Како и да е, ви посакувам слатки сништа на некоја ваква локација со човекот што го посакувате до вас.
Добра ноќ феминки, јас одам да спијам! Утре ме чека напорен ден, не знам веќе на колку имендени и слави сум Ај за убаво нека е! Good night!