Пријатна вечер феминки, јас ве напуштам. Ви благодарам што ми го разубавивте денот, секоја на свој начин.
Добра ноќ! Време е да се испреплетам во едни прегратки и сни. Една приспивна... http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... a9iENIjU8U
Добра ноќ форумџики и форумџии! Нека истата ви исплете ѓердан од ѕвезди чијшто сјај и блесок ќе ви донесе многу насмевки следното, ново утро. Се' најдобро!
Мојот сакан е веке во длабок сон ,а јас си ве читам и си пишувам горе доле ви кажав дел од моите настани.Утре ме чека пат и возење со автобус во мојот град и одење на работа.Од утре пак сите ние со понеделничките обврски. Уште една работна недела. Добра нок на сите не ми се оделува од вас ама мора да си легнам. Ве сакам имајте слатки сништа.
Мили мои, одам јас да се дружам со моите лавандесто насмрдени нови постелнини. Не дека ми се спие, едноставно не можам да одолеам, па ќе читам нешто - не по мој избор, ради обврска. Како и да е, ви посакувам убав завршеток на викендот и неделата, и ве молам однапред да не ја силувате СДК со ругања за понеделников - греота е бе! Добра ноќ!
Девојки, добра ви ноќ Буквално цел ден го поминав на форумов, така да официјално вие сте криви за црвените очи, и гроги изгледот што ме чека утре И книга не фатив... совеста гризе Ајде убави сништа третосменци, што е ова ајде во кревет!
Добра ви ноќ! Сакам утре да се разбудам и да прочитам дека Рики на rossonerka е здрав и жив. Само толку
Барав,барав и никако да најдам,ама ја имало темава Супер САкав да ви посакам добра ноќ за денес и се читкаме утре Патем поздрав до обожавачите на храна (спешл до K.i.m ),ко мене САмо шо сега можам само да си гледам вака,а не смеам ни да пипнам храна... A овие долу,сонциња сите најслатки! http://www.youtube.com/watch?v=SJ5BU225P3A