Спојлер Со Појраз ќе се караат и тогаш ќе имаат сообраќајка, тој ќе умре, таа ќе го остави таму на автопатот и ќе замине.
Вчерашната епизода ми беше прејака. Денес според најавата исто ќе биде добра епизода. Мелис, Појраз и Атила како нови ликови добро ги вклопија, мислев ќе ја расипат серијата, но супер се. Мелис гледам нова глумица е, во малку серии се има појавено и моја генерација била. Со Дамла некаде слични години се исто. Повозрасно доста личат. Сепак Дамла во споредба со неа многу повеќе ја бива за глума.
Мене ми е жал што така одеднаш го тргнаа Синан од серијата... нема да се појави веќе? Инаку Неслихан веќе го засакува Атила, а Шаика го сака Појраз за зет бидејќи е богат хаха каква жена
Нема да се појави веќе Синан, спомнаа само дека заминал во странство да биде со татко му додека се лекува. И Мелис ќе ја тргнат за скоро, нема да ја спомнат веќе ни неа, ни бебето.
Значи нема да се знае судбината на тоа бебе, кога ќе се роди и што ќе се случи понатаму... И во други серии ќе вметнат некои ликови и после тоа ги снемува и не се знае што се случува со нив во иднина.
Ко и со Корај..... Демек го нема и тоа е ... Цеееела клиника имаше, вработени имаше таму, со Неслихан малтене нонстоп беа заедно и го нема сега па ок го нема у реду е, нормално е некој тек така да го снема. Смешки
Нема да се дознае ни за убиството на Корај? Спојлер Дека видов во последната епизода нешто Дамла и Мурат ги притворија?
Ова што кажувам дека нема да ги спомнат веќе, мислев на Мелис и бебето. Спојлер Ќе се дознае за убиството на Корај, Дамла ќе ја разоткријат Неслихан и еден братучед на Корај кој ќе ја заведе Дамла. Мурат ќе оди во затвор поради финансиските проневери. А Дамла и чичко и поради убиството на Корај.
Да али само тогаш, после тоа ниту еднаш не се спомна Корај, а и многу глупо што ќе ги снема во серијата мелис и бебето и што нема да речат ништо повеќе за нив.
Ќе се спомнува Корај постојано, многу скоро ќе сфатат дека нешто не е во ред, ќе се појави неговата мајка да го бара.
Да, но Атила како да спомна дека таква била поради некоја причина. Имало некоја траума што им се случило порано претпоставувам. Да не било нешто со таткото?