Да,Појраз рече да се направи днк тест Дамла излезе со плих во рака и на стрина и и чико и им кажуваше како тестот покажува дека Појраз е татко на бебето.
Па тој ја изнајми куќата, тогаш уште се претставуваше како успешен бизнисмен, Мелис не знаеше кој и што е. Наеднаш ја тргнаа Мелис, дозна за Дамла и татко и рече веќе да не се приближува Мурат до неа. Нема да се појави веќе.
Па на некој начин сега му помогна на Атила. Неслихан знае сега што чувствува кон неа. Овој пат беше во право, за доброто на братот мислеше.
Дури и Дамла има повеќе чувства од Мурат, таа само сака да е сакана, а Мурат е опортунист, психопат кој дури и на децата гледа како на алатки за да докаже некому дека е моќен... беда жива.. ќе се појави ли мајка му понатаму? Мислев ќе се откријат детали за неговото минато, како израснал и зошто станал таков како што се откри за Дамла, ама изгледа тој е психопат, таков роден а, Дамла е само социопат и жртва на несреќните околности и траумите од детството. Понекогаш и ми е жал за неа, не знае што е семејство, љубов и поддршка.
Ја покажаа мајка му едно време, брат му и внуците. Има комплекси дека е од сиромашно семејство, самиот ги избегнува, не се како него тие, скромно и нормално живеат. Мајка му кога слушна за Дамла дури му викаше семејството да не си го уништува, да си ја цени жената и фамилијата. Само има големи амбиции и желба за богат живот, немал проблеми со фамилијата како Дамла, освен што немале пари.
Не знам дали само јас така мислам, ама реално немаше потреба да се меша Неслихан меѓу Дамла и Појраз. Па глумење учителка и не знам што... Дамла само сакаше да започне нов живот, ама згреши што ја купи куќата на Неслихан, изгледа затоа уште повеќе се налути таа, ама сепак претерано беше тоа што му влезе дома на Појраз. Може ќе се сменеше Дамла ако осетеше љубов од него.
Целосно се согласувам .. Дамла буквално "моли" да биде сакана, а Мурат... со задоволство би сум му ја расцветала злобната и цинична фаца...се што може да биде лошо во човечкиот карактер кај него се собрало, од секој аспект. Понегативен лик во турските серии не сум видела
Леле, мислев дека само јас сум што ја жали Дамла... посебно кога кажа дека Мелис има татко да ја заштити а она нема никој и секој може да ја гази....
Дамла и го уништи целиот живот на Неслихан па на сето тоа и куќата и ја зеде, Неслихан дури и малку и направи. Безразлика дали Дамла пати поради тоа што не е сакана не ја оправдува сето тоа што го направи.
Ha? Damla koga vleze vo zivotot na Neslihan (koga ja pribra vo nejzinata kukja) pocna so odzemanje mazot i, pa so firmata, parite, ja ostavi vo bez denar da zivee kako beskuknik pa so decata proba da gi matretira... i ti go zapazi ovaj del so Poiraz? Bravos cim vaka razmisluvate I nie sakame da sme najbogati, najsakani i se ostanato, pa ne unistuvame necij zivot poradi toa. Ako jas vidam deka nekoja ima majmun od maz odma da trgnam vo pohod?
Дамла точно дека сака да е сакана и да има семејство но на погрешен начин и со погрешни луѓе сака да си ја изгради својата среќа.А тоа не бива не можеш да изградиш своја среќа врз туѓа несреќа.Мене еденствено ми падна жал за Дамла кога дозна дека е бремена па рече мислев дека никогаш не ќе можам да имам дете. Е сега каква мајка би била тоа е друга приказна да не биде ко што е татко Мурат гази се пред себе па и сопствените деца.Ги манипулира лаже ги користи како оружје против Неслихан.