Епа мислам дека и Неслихан малце претеруваше,требаше барем малце помеко да се постави со него, сепак не секој би се понудил на тоа што го направи Појраз...
Неслихан јасно му рече дека е за формален брак. Појраз се испозанесе и изгледа дека неговата бивша е во право за него.
Дефинитивно Појраз е забеган психопат, оти да ја заштити Дамла што го уби Корај, еднакво е на лудило. Атила е единствен што ја заслужува Неслихан, а другиве (Мурат, Појраз) се гадови, секој на свој начин. Заради една слика со Атила, седнати во кафана, да и одземат старателство е врв на апсурд (немаше ништо непристојно на фотката).
Каков израз на задоволство имаше Шахика кога мајка му на Корај сето наследство и го остави на Неслихан..
Чичково за пари и сам себе на пазар би се продал.. Ја издаде Дамла кога кажа прашај го Мурат, јер Неслихан знае дека Дамла од некоја причина се му даде на Мурат, и фирмата и куќата, што значи индиректно кажа Дамла е убиецот..
Уште и ги исчистија сите докази дека Дамла го уби, што значи буквално сам себе се намести дека го убил..
Spoiler На крај Дамла ќе заврши во затвор поради убиството на Корај, но не знам како ќе докажат,ако знае некој нека пише
Spoiler Ќе се појави братучед на Корај, ќе ја заведува кратко Дамла, ќе и го прислушкува телефонот и ќе и го слушне разговорот со чичко и кај што спомнува дека го убила, па после со Неслихан ќе ја притиснат да признае.