Планирам да ја гледам и јас. Ретко која ми се свиѓа од овие на тв што ги емитуваат, оваа вака личи интересна и модерна како за промена од тие што моментално ги даваат.
Се гледа од километар. Бар да признаат, смешни ми се како Ханде што лаже кога ќе ја прашаат, не правела ништо естетски, само ослабела. Од слабеење не се менуваат коските на лицето, капаците не се подигаат и устите не се зголемуваат ..
Супер! Влегов на подфорумов само да видам дали некој пишал за серијава. Сакам да ја гледам, сакам вакви модерни, современи турски драми, Невиност и Мојот дом ми се предобри, а како немам време баш за серии, супер што оваа ќе оди место Невиност.
Јас скоро ја завршив. Убава серија ама нема врска со насловот. Неслихан колку и да беше добра се со лошо и де враќаше. Дамла мн јак психо лик Одлично глуми!!
Порано почна. Случајно беше пуштен ТВ дома, гледаа нешто, па приметив. Си ја планирав у 23ч да ја пуштам.
За почеток добра е, ми привлече внимание. Мало освежување од оние старовремски турски серии со конаци и фамилии во кавга. Спојлер Секогаш кога гледам серии или филмови со изневерувачи, добивам нагон да ги задавам и изневерувачот и третото сметало, многу ми одат на нерви.
Ми се допадна првата епизода. Современо сценарио, ревијата, изгледот и фустанот на Неслихан изгледаа светски. Мурат и швалерката . Дамла добро се снајде во улогата, се испраксирала со глумењето, серијава ќе и донесе добра кариера. Се извештачила стварно, ја знам и јас од други серии, многу поразлично изгледаше.
Хај и од мене ќе се дружиме тука Не знам шо зборате луѓе ама мене оваа Дамла ми е препреубава, црна кратка коса топ ѝ стои, а и достојна е за улогата на психопатка За Мурат немам зборови... Идиот. Сопругава (Неслихан ли се викаше не го запомнив името) ми личи на стабилна, само што премногу доверба има во луѓето, се надевам ќе се свртат работите во нејзина полза
Се надевам вработените од Сител читаат форуми. Апел повеќе вакви серии да пуштаат. И тајмингот одговара за гледање, пред спиење малку да исплакнеме очи со раскош. Какви куќи има во Истанбул . Мурат тело гром, фаца лом. Не ми се допаѓа ликов, антипатичен ми стана со улогата. Со Дамла како тенџере и капаче се. Неслихан заслужува подобро.
Овој глумецот нели е Каја на Ендер. Вчера 10 мин ја видов на тв серијата и отворив на јутуб да видам шта че да буде. Од најавата ми изгледаше многу луксуз и убави луѓе ама сценариото многу е наивно. Сопругот и неговата швалерка психопати тешки, жената ќе треба да се соочува со нивното понижување. До душа ова сценарио се почесто се случува кај нас во реалниот живот...За жал.