Серијава почнав да ја гледам и јас. Неслихан мене ми е убава, жена со стил и манири, од тоа што ѕирнав малку во некои епизоди, некои комбинации се Дамла ниту ми е убава, ниту па харизматична, ама добро глуми. Имаше една серија каде што глумеше, мислам дека неколку епизоди гледав (дечкото беше во количка),од неа не можев да ја гледам. Ме потсеќа на скакулец еве не знам зошто
Спојлер Во затвор ќе одат на крај тие двајца. Само нешто видов на youtube, ова за последната епизода, а во тек на серијата што ќе биде со нив, не знам точно.
Еве ме и мене. Серијава ми стана заразна и се надевам дека и така ќе остане. Во право бевте. Кога повеќе гледав,си се убедив дека Неслихан е поубава од Дамла. Ни на крај памет не ми падна декеа можеби имале деца. Добра серија е,само овој Мурат ич не ми се свиѓа. Да ставеле некој пошармантен серијава ќе беше топ.
Сакав да прашам сопругата Неслихан, зарем не е вработена? Колку што разбрав генерален директор на фирмата на која мајка и Шаика е сопственик е нејзиниот сопруг, ќеркава ќе да завршила медицина штом му е колешка на Корај психијатарот, но што работи таа? Има ли и таа удел во компанијата и дали сопругот има удел, или само мајката? Зошто генерално секојдневната рутина и е околу разнесување на децата на училиште, вежбање, некои такви организации околу домот.
Да, сега ми текна дека во Долина на Волците кратко ја глумеше жената на Полат Алемдар. Во Суровиот Истанбул ми беше грдичка Сера и тука ми е исто хахахаа, инаку да, таа што и глумеше сестра се вика Бахар Шахин и е преубава. Неслихан моментално е невработена, ама после и таа ќе работи во семејната фирма. Има динамика натаму серијата и многу работи ќе се разјаснат.