Неслихан е многу убава и со фин карактер. Глумицата е намерно толку убава одбрана за улогата, наспроти Дамла која е манипулаторка и има одвратен карактер. Реално улогата на Дамла е многу потешка за глумење, а глумицата е за Оскар. Мурат, наспроти прекрасните турски глумци, има толку одвратен лик, веројатно е така одбран, фацата да му соодвествува на расипаниот карактер. Серијата премногу ме потсетува на бројни американски серии, каде следиме како се живее луксузно, гламурозно, на висока нога, а темата е поврзана со прељубата и брачното неверство.
Ако тупеа уште долго со криење ќе викавме ни здосадија веќе, толку ли е наивна Неслихан. Инаку уште поинтересно ќе биде понатака, јас стално на јт нешто морам да ѕирнам и добро е што порано открија, си имале план за понатамошното сценарио.
Понатаму е поинтересна. И добра промена е од оние со наивни и глупи ликови, глупи муабети и несоодветна облека во канцеларија. И Неслихан е наивна, но не е глупа.
Јас онлајн ја изгледав серијава пред две недели.Крајот Спојлер беше многу глуп, лошо осмислен, ко да фалеше нешто... нај негативен лик е Мурат, буквално е скаперник,манипулатор, злобен човек, и се прави за да има ќар. Дамла е психопат, скроз растроена личност, манипулативна, и лажга и си влече трауми од детството. Неслихан е претставена како добра жена, мајка, сопруга, пожртвувана ама кога ќе дознае за измамата и неверството што и го приредува Мурат и тоа со Дамла и се активира некоја жичка и нејзе и станува агресивна и одмаздољубива но со разлика што пробува да се одржи на нозе самата и своите деца. Мајка и Шахика ми беше ептен млак лик без никакви позитивни страни. У глобала океј е серијава, лимонада, но не ја доживеав нешо WOW. Од мене 6/10. Поинтересна од турските ми е моментално што се емитува Aldatmak, и Teskilat. Во овие серии ми има некоја динамика што не беше исто и во случајот со Iyilik.
Оваа Данла ко тинејџерка некоја кога ќе и се скара дечкото па урла па трча по него па моли .... Недоквакана господе прости ми
Мислам дека нема да има деца, најверојатно или ќе го абортира или ќе го изгуби бебето (ако е воопшто бремена).
Спојлер Да, на крајот немаат дете како што знам ама што ќе се дешава сега, сигурно на карта бременост ќе ги манипулира сега.