Добрите девојки не се понашаат дрско и вулгарно Добрите девојки не ждригаат Добрите девојки се паметни и горди Добрите девојки треба да се понашаат како дами а не како сељачки ДОБРИТЕ ДЕВОЈКИ НЕ ПОСТОЈАТТ!!!
Добрите девојки не пијат добрите девојки не пушат добрите девојки не пцујат добрите девојки не легуваат со секој на добрите девојки јазикот не им е секоја ечер во различна уста итн итн.
Добрите девојки? Јас мислам дека нема дефиниција за ова. Ајде бе, ако ги земам во предвид сите горенаведени постови треба да седам во стаклено звоно и да не правам ништо! Значи се треба да биде во граница! Каде е што не треба да прават момчињата? Треба да се знаеме само како да се однесуваме, прикладно во ситуацијата. Еве јас сум во врска 2 години и ми се има случено да ждригнам пред дечкото. И шо требаше да се закопам? Реков пардон а тој почна да се смее и да ми вика дека е нормално! Фала богу не кажувам сега да земете да ждригате на секој оброк Треба да се почитува бон-тонот ама треба и да се биде природен, а не да да се делуваме како стегнати девојки. Океј е да се опијаниш ама немора сите тоа да го знаат, да се понашаш пред сите или да повраќаш. Треба да се има граница само и да се внимава. Мое мислење е дека не сите мажи сакаат перфекти девојки што не им штрчи ни едно влакно и не кажуваат по некоја шега, “стегнати„ се и повеќе внимаваат што би рекле друѓите околу нив отколку како тие се чувствуваат....Абе ајде..............Само бидете тоа што се! Оние што ве сакаат ќе ве сакаат какви што се! и Нормално, тајмингот, начинот на кој што се однесуваме зависи од ситуацијата во која што се наоѓаме ...
impossible, јас пушам. Јас пцујам понекогаш, иако не сакам ама ми се случува!. И тоа ме прави да бидам лоша девојка за себе и за оние околу мене? .......... Јас не мислам така
Добрите девојки не се дами, тие со роботи.. Прават едни исти работи ( не можат многу бидејќи ќе бидат лоши ), не си го живеат животот за себе туку за другите околу нив.. Е тоа се добри девојки... Боље да си бидам лошка и даљ си правам тоа што сакам отколку добра и да мислам дали некој ќе каже некој алтан за мене или не
не легнуваат со секој не пијат не се облекуваат ОРОСПИСКИ за да привлечат некого не се дрогираат и то
Добрите девојки не се облекуваат непристојно Добрите девојки не се однесуваат некултурно Добрите девојки никогаш нема да повредат некој Добрите девојки се искрени Добрите девојки знаат да простат Добрите девојки се верни во секој поглед И добрите девојки за жал секогаш се повредени и недоволно ценети
Хм. Пцујам, ждригам, прдам, пијам, покажувам прст, знам да бидам и културна и вулгарна и некој бре ако сака да ме удри што? Треба да стојам и да молчам?
Добрите девојки не пијат,не пушат,не се дрогираат,не прават сцени, не пцујат,не се насилни и др,др,др. Заклучок- не е забавно да си добра девојка!
Мислам дека посоодветно име на темава би било Паметните девојки не го прават тоа... Кое? Нема денес, а и мислам дека таква добра девојка како од Шпанските серии реално не постои, затоа споредбата би била пореална кога би била помеѓу Паметни и Прости(кои глумат сосила јаки заводнички и нормално се мислат многу јаки типки). И оттука произлегува Паметните девојки знаат и да пијат и да пушат и да се забавуваат, ама со стил и мерка, не како другите кај кои се е исфорсирано, глумат некое лудило за народов, демек многу сме јаки, луди и опасни ама уствари за да го покажат тоа избираат толку простачки начин, просто да ти се сповраќа од нив Паметните не се лесни во мозокот, знаат многу често да проценат на кој какви му се намерите(пример за удварачи), не паѓаат така лесно на два три комплименти дадени... За мене оваа поделба постои, Паметни и Прости, а за добри или лоши, секој е помалку или повеќе добар или лош, а зависи и од тоа кој како гледа на тие работи, за некој ќе си добра, за друг лоша. И да не забегувам повеќе оти долга и широка е
Добрите девојки не..: -се пијанчат и се горди на тоа, а згора на се се фалат со слики, групи и статуси на фб; -се соблекуваат за пари, а најмалку за лајк; -ждригаат и испуштаат гасови кога се меѓу луѓе; -муваат секој кој ќе им се засвиѓа; -губат невиност пред да ги изгубат млечните заби; -се фураат со тоа како имаат излез после полноќ; -се бранат со зборови, а не со 'банди' дечишта кои се тепаат; -не го менуваат дечкото/муваторот како гаќи/чорапи; -се облекуваат непристојно, со цел да бидат 'секс симбол' и за нив да фрчат невкусни, вулгарни коментари; -не го изневеруваат оној кој го сакаат и почитуваат. Добрите девојки се ретки во денешно време! На толку можам да се сетам...