Аии ти на пример маж за забава не пробираш женско? Мислиш дека си фраер ако секој ден идеш со различна па на крај се "скрасиш" со некоја добра што не го правела сето тоа за што ти не ја сметаш за достојна за тебе и таквите ко тебе? Какво сељачко мислење. Оние што сакаат да имаат секс со тие што им се свиѓаат се недостојни за сопруга, а вие фраерите што можете да легнете секоја и на крај да изберете некоја што била ДАМА сте ептен достојни, невини, срцки Таква дама само у шах ќе најдеш, ниедна девојка нема да сака фраер од претходно наведените. Таквите дами со благородничко понашање исчезнаа со француската револуција. Штотуку објасни колку ги почитуваш женските. Добрите девојки би требало да ве почитуваат на истиот начин. Можеби ќе звучам феминистички но вакви "фраерски" коментари вадат од колосек. Добри - лоши девојки, лоши се оние кои извршиле убиство. Сите останати се добри, за некој помалку за некој повеќе, http://www.youtube.com/watch?v=5jcJmPkvJ_k
Добрите девојки не флертуваат со момчето кое им се допаѓа и не прават прв чекор за да привлечат неогово внимание
Работава: гуд грл гон бед хохо Ајде да не се издвојувам и јас да кажам нешто -Добрите девојки не ја запоставуваат хигиената!
Додека “добрите“ девојки мислат и почитуваат правила, “лошите“ го живеат животот! Искрено, темава е малку ограничена според мене. За мене добра девојка е онаа која што знае да откаачи, да биде дрска, да пцуе, да покаже заби, па и да се качи на шанк, да флертува......но сепак да се почитува себе како личност. Да не се понижува со постапки (знаете на што мислам). Добра девојка за мене е онаа кое има свое јас, и не седи по сепариња со спонзори
Добрите девојки не ги искористуваат другите само за нивната цел да си ја остварат добрите девојки не и го преземаат дечкото на другарката , не ти зборуваат зад грп туку ти кажуваат тоа што го мислат во лице
Не глумат некому пријател... не нудат помош, за потоа да го исплукаат зад грб оној кому му помогнале.
Good girls are just bad girls who don't get caught - подобро објаснување амин! *ај да не бидам оф-топик: Добрите девојки не се срамат од своите родители, ниту од својата фамилија. и не значи дека ако девојката има пари дека е лоша.
Упс, извинете, ама што е ова? не се Spoiler тепа и не пцуе? Па тоа ти се вика жена бре! Силна жена отпорна на се што е злобно околу неа, што знае да си се одбрани сама, па и да се тепа, а не да писка ко шмизличе коа некој ќе и рече дека косата и е малце разбушавена. You've been a very bad girl. A very very bad bad girl Daisy! Епа зашто добрите девојки не пишувале оффтопици( ), ќе кажам дека добрите девојки никогаш, ама никогаш не крадат(читај: краделе) овошје од кај комшиите. А сега, а, а, а? Кој е добар сеа? :geek:
Јас сум од таборот на лошите и според себеси и според повеќето погореспоменати „дефиниции„ и пцујам и тепам и се лапам во кафиЌи по потреба и желба итн да не набројувам уште. Па, добрите девојки се добри дури не признаваат за големиот дел лошотилаци кои ги прават потајно како ова смајли се или па ги озборуваат лошите немајќи гатс да го живеат нивниот живот. Нема апсолутно добри девојки, апсолутно лоши пак има , а постојат такви кои се уверени дека се предобри да бидат вистинити, мене ми се ваквите сомничави и морничави, се‘ си мислам за вировите и океаните под привидниот мир како ќе истечат како на тој јапонскиот хорор со девојчето кое беше удавено на врвот од зградата во таа матната вода! Добрите девојки веројатно не парадираат наоколу со мотото „види ме, јас сум олицетворение на доброто „ бидејќи знаат дека тоа е утопија и тоа во евтина амбалажа.