Добрите девојки не гледаат да извадат корист од секого, не гледаат да забијат нож во грб, и не гледаат да зафркнат некого на било кој начин, за да стигнат до тоа што го сакаат.
Ја читам темава и неможам да разберам. Што дека таа незнам немала секс и не пцуела и не пиела кога можеби е отров змија во карактер. Едноставно добра девојка е личност која верува во себеси и се почитува себеси а потоа другите а воедно и гледа да направи позитивни работи за луѓето околу неа, без разлика дали и се блиски или не. Ни пијам, ни пушам, ретко пцујам, обожавам да се откачувам по кафичи, и сакам да си поминам убаво со дечко ми кога сум излезена, и сега сум лоша личност? Темава мислам дека е пропаст - личност како личност така неможе да се отцени.
Добрите девојки почитуваат мислење вредно за размисла,а останатите...искрено ги коментираат. Или повеќе љубите лицемерие?! Што сте вие сите добри и фини,леле,леле...
Вака склопени, скоцкани... ептем сум надвор од лигава ептем бре. И јас се л*пам по кафичи и се стискам у јавност, гушкам, мазам без да пазам кој поминали и боли ме брига што помислил и дали некому му било неудобно, дали тоа треба да си го чувам за дома или не, како што се коментираше многу пати во некои од темите на форумов.... и го грабам за задник и така натака и навака... бидејќи така натака и така навака мене ми е убаво, си имам хормони кои си работат не умеам да се стегам, воздржувам, кога ми се сака да му скинам сексиповикателно муце, нос, уво, ц*цка. Ама изгледам како добра девојка... ептем фина, ко од Финска A и јас дури пцујам кога сум нервозна, ама сепак пцујам кога се карам се повикувам на цело животинско царство и тоа е. А, добрите девојки изгледа е различно кој, како си го сфаќа, ама вака скоцкани... to good to be true. Туку, арно велев јас дека рајот е одамна затворен, како пропадната инвестиција. Само ај, нек ни буде.
Добри девојки не постојат !! Според темава !! Пцујам бре по потреба ! И се лапам по кафичи !! Такоџе по потреба !! Е јбг не можиме сите да бидиме добри . Некој мора да биди лош
Добрите девојки останаа заробени во романите на Austen - а и тие изобилуваат со еден куп на лицемерие и шије ми га Џура ситуации. Однадвор мазни и блескави а одвнатре гнили. Ми е гајле дали цурата пцуе кога е нервозна и кога ќе и надојде така силна потреба да се испразни ако не е злобна и не прави ујдурми кај стигне. Ми е гајле дали носи минич до пи* - деколте и кратка сукња не мора да се автоматски синоним на вулгарност, ку*варлук и леснотија. Ми е гајле дали некоја спиела на првиот состанок со типот ако во истиот потоа нашла сродна душа најголема љубов, поддршка и партнер во лошо и во добро. Ми е гајле ако се измочала во грмушка затоа што тоа ми кажува дека се цени себеси и својата бешика, а богами и пријателите ги поштедила од стресна ситуација на викање на брза помош. Не живееме во 15ти век, не си персираме со нашите љубовници, не носиме долен веш кој личи на шалвари и не си го покриваме лицето со шешири, ниту рацете со ракавчиња. Скоро повеќето размислувања кои ги прочитав на темава ме асоцираат на Марија Антоанета - лепотица, а под периката и под скапите раскошни фустани се кријат вошки и усмрдено, немиено тело. Добрите девојки, знаат да се однесуваат природно во склоп со својот карактер и со своите гледишта. Знаат да се лоши во спалната а со фини манири онаму каде што тоа го налага ситуацијата. Добрите девојки се оние кои имаат добра душа по дифолт, а не само као wanna be