Добрата девојка секогаш го носи назад фрленото стапче и фрцка со опавчето кога стопанот ќе ја погали по главата и ќе ја пофали дека е good girl.
Добрите девојки никогаш нема деректно да префрлат дека ручекот што го зготвил дечко им е никаков...само ќе му дадат неколку совети за следниот пат
Добрите девојки макар на најсуптилен начин му признаваат на секој маж дека се инфериорни во однос на него во секој поглед,и по можност му даваат можност практично да се докажи тоа во најбанална ситуација со што автоматски се чувствува корисен и егото му рипнува.
Добрите девојки...се глупави...пошто од добрина не се живее Добрите девојки не им прават лошо на другите а за возврат што добиваат тешко ним
Добрите девојки се всушност добри луѓе и ништо повеќе од тоа, ништо помалку. Не се чесни сестри, божици, совршени не се апсолутно безгрешни и чисти, светињи но се доволно добри луѓе, што нивните гревови споредено со гревовите на остатокот од светов се помали дури и од црното под ноктите на лошите. Добрите девојки се и убави луѓе. Зрачат со својата харизма и добрина, не очекуваат некој да им го ќешира нивното добро дело по било каков начин, бидејќи се едноставно добри сами од себе и не можат поинаку. Знаат да го почитуваат секое живо суштество и се надеваат дека ќе бидат почитувани. Си го живеат животот на свој начин, исто како и лошите, само... за разлика од лошите, немаат потреба да бидат познати и славни, во секоја дискусија главни теми на муабет.. мада нивната добрина ги прави да се тема на муабети, исто како и лошиве. Па сеа, едниве се кудени ради лошотилоков, другиве ради добрината па, what is it guys, што е најбољи според вас?
Добрите девојки не ги погазуваат вистинските вредности во животот: искреност, верност и принципи. Се друго е релативно.
Се согласувам со тебе Estranged кој шо сака нека прави ,нека пие ,пуши,пцуе се облекува провокативно итн итн ама нека ги поседува искреноста верноста почитта итн
Туф по наброениве работи ќе испадне не постои добра девојка, ал и добро е што не сум добра, живот је леп вака За мене добрите девојки не ги навредуваат мама и тато. Друго речиси се им е дозволено бре, добрината си ја искажуваат без носење прслуче, со минич, со тоа што ќе дува нос у кафиќ, ќе мочка во природа, ќе изпцуе некој на цел глас, ќе пувне у природа, ќе се направи летва и тако даље. Не постои совршена девојчица која не ги направила повеќето работи наброени тука во темава, бар еднаш. Е веќе ако многу од работиве константно ги прави е тогаш е лоша и ќе гори во пеколот хухуху
Вака значи , денеска вредностите се поматени и залудно е да бараме чисти души , но сепак јас мислам всушност не мислам туку знам дека и денес има многу девојки кои сепак си имаат некои принципи и кои навистина вредат . Од друга страна , кога ќе видам некое девојченце кое нема ни 20 , а е во тешка алкохолизирана состојба , потоа кое секоја вечер го гледам со различен дечко , па со чипкасто деколте до папокот и миничот исто до папокот , и не само за девојче , и за повозрасни зборувам , не може никој да ме убеди дека таа девојка има било каква вредност , колку сакаат нека велат некои за неа дека душата и била добра и чесна , а тоа добри и лоши девојки , линијата помеѓу доброто и лошото во реалноста тешко може да се повлече , но линијата помеѓу вкусното и невкусното , и како една девојка треба да се однесува , а како не треба , и тоа како мора да се знае .
Добрите девојки не постојат, а и да постојат порано или подоцна ќе станат лоши! Незнам зошто повеќето од вас ги дефинирате ‘добрите девојки‘ како светици - не се пијанат, не пушат, не изневеруваат, не лажат, не пцујат, немаат секс пред брак и се останато набројано во темава, не, уствари зошто воопшто тврдите дека постојат добри девојки. Нема едноставно не постои такво нешто на земјава тоа е само измислен поим! Ма колку и да се воздржува некоја и да се прави светиња еден ден и неа ќе и пукне филмот и ќе сака да проба се во животот и тогаш настанува проблем. И што после со неа? Епа знам многу такви ‘светици‘ какви што набројувате дека има, што се прават многу прибрани и културни ама се уствари најрасипаните суштества што ги познавам. Јас мислам дека родителите се најмногу криви за вака настанатата ситуација. Е сега не велам да се дава преголема слобода ама јбг пушти го детево нека живее како сите врсници а не после како од ланец пуштени се до вчера не смеела в чаршија да излага а утре ја гледаш со петмина се мува истовремено в кафиќ, а родителов ја мисли најприбрана и кажува за другиве која со кого, каде ја видел. Абе ај види си го детево прво па кажувај! Едноставно толку не има различни што бесмислено е да се делиме на добри и лоши девојки.
Тотално се слошувам, добри девојки нема, секоја една од нас е палава и лоша на свој начин, порано да,имало добри девојки, но сега, ма ајде, се знаеме убаво ние жените какви кучки сме сите, значи сите. А секако, дури и најголемата светица, да и настапиш на жуљот ќе ти го покаже влезот од пеколот, така да, добрите девојки нема потреба нешто да не прават, ги нема.
Добрите девојки не го прават тоа што го прават лошите девојки . Па не легнуваат со другари на дечкото , не го изневереуваагт дечкото , не се враќаат дома ѓон направени , ( може и се враќаат) , не прават сцени во град . Не се лутат со родители , не се склони кон пороци ...
добри и лоши не постојат....постојат работи кои ги правиме или не ги правиме....а и зошто да се делиме на добри и лоши па потоа да им се лутиме на мажите дека не нарекуваат вака или онака,не се криви они криви сме ние бидејќи ние почнавме со такви поделби