Не знам јас дали плаќале наплаќале или не наплаќале јас за првото реков дека гарантирам дека не е така
Ми го зема зборот од уста Права девојка за мене е онаа која има свој став, свое мислење, која има ПРИНЦИПИ. Некои работи што сте ги набројале немаат смисла за мене, бидејќи на секој знае да му се деси да опцуе или слично. Луѓе сме не сме безгрешни. Не претерувајте, не сте Мајка Тереза, боже.
Добрите девојки знаат дека : - ако маалските трачарки пред коперација како секојдневна тема за муабет ги ставаат на дневен ред, со кој биле во град, кој ги донел дома, кој ги штипнал за задник пред влез...тоа го прават зашто се очајни, љубоморни, анти- социјални гревови што немаат свој живот. - ако некој предизвика спој на нивните нерви нема да се помислат да го срамнат со земја во висина на нивната 12 цм штикла, а во екстремни случаи на одење и да го згмечат со истата. - ако пцујат кога е потребно, не се поштедуваат од оргазми, помислуваат како и ги вадат цревата на некоја ниско класна џукела што не знае да цени никакви вредности...пак ќе кажат АМИН пред спиење без грижа на совеста. - ако се начукаат, танцуваат голи под светлината на неонката и очите на нивниот партнер, ако не седат со скрстени раце и превземаат акција наместо да грицкаат нокти, ако не се плашат да бидат оригинални...нема да ги јаде Баба Рога!! Така да...јас сум многу, многу добра девојка....од што сум добра со хејлово ја закачувам вратата на 22-ка!
Не се замараат што се зборува за нив,уствари не се спуштаат на ниво на нивните хејтери. Добрите девојки уживаат во животот и го живеат секој ден како последен,си зимаат за право да пцујат,и те како да пцујат во сообраќај,да се опијанат,а и секако добрите девојки си дозволуваат да се заљубат во некој лош дечко кој ќе го излудат и ќе го сменат за 180 степени
Добри девојки не постојат, друго се пристојни девојки и дами, тоа е друго прашање, ама добри девојки во вистинска смисла НЕ ПОСТОЈАТ, сите други кои го зборуваат спротивното се фолираат. Кој што сака нека каже ама така е. Премногу глумење, премногу лицемерие, и премногу извртување на вистинските вредности ... а, и премногу бркање на мувата од капата... Тешко е да се свари
Не верувам во добри и лоши девојки кај мене таа класификација е на нормални и малце чаки Само што појдовната поделба не ми е по тоа ШТО ПРАВАТ туку по мотивите зошто го прават. Не сакам лицемерие и манипулативни особи... Себичност, манипулација и малодушност се карактеристика на девојки што одат по тенкиот раб накај луди. Такви не сакам покрај мене. Сите сме грешни и речиси се можам да разберам, ама има некои изузетни примероци што мислам дека не се добри во главата... They ride on the special bus.
И јас не ги делам девојките на добри и лоши... Секој си има право да си го живее животот како што сака, не треба да осудуваме никого. Само, жално е што постојат девојки без свое јас, без свое мислење, а за оние лицемерните и дволичните да не зборувам. Треба да уживаме во животот, а не да се замараме што рекле другите, што помислиле, дали некој не погледнал накриво и слично.