Добрите девојќи... не ги озборуваат своите цимерки за нивниот љубовен живот кај нивните најдобри другарки, и при тоа да опишуваат колку пак нивниот љубовен живот е убав и цвети за разлика од оној на цимерките... _!_
Е баш тоа е тоа За да бидеш ’’добра девојка‘‘ треба да знаеш горе наведеното да го правиш со СТИЛ но сепак да останеш нормална и да не се понижиш. Па и за некои не е баш лесна работа
Никој не те фаќа за врат девојче не грижи се, не сфаќај толку сериозно кога некој ќе те цитира, ова е форум, нормално дека ќе ти го цитираат напишаното, ако ти е зезање не мора баш на се да одговараш
Лошите девојки на крајот остануваат да бидам избирани и прашање дали некој ке ги сака....додека добрите имаат и добиваат све што си сонувале и со нетрпение си го очекувале значи вреди да си чесен...добри нешта му се случуваат на тие што чекаат
Добрите девојки не коментираат кои се добри, а кои лоши девојки. Оставаат тоа да го прават лошите девојки и знаат дека уствари добри, ама баш добри девојки не ни постојат на денешницава .
Добрите девојки не се вулгарни, Добрите девојки не легнуваат со секого на првиот состанок Добрите девојки не се дигаат до небеса И за крај ДОБРИТЕ ДЕВОЈКИ НЕПОСТОЈАТ
Добрите девојки не го земаат дечкото на нивната другарка.. не легнуваат со дечкото уште на првиот состанок.. не му дава на машко да ја фаќа ...
Добрите девојки не шљокаат алхохол како да не виделе,на секое излегување, Добрите девојки не се вулгарни и не пцујат како кочиаши, Добрите девојки се умерени,ненападни,културни... Добрите девојки не спијат со секој дечко кој ќе им се допадне,само затоа што тоа е нормална природна работа а не е! И секако дека добри девојки постојат.
Како што постојат не добри, односно лоши (иако не е соодветен терминов) девојки, така постојат и добри. Тоа е основата. Ако околу нас постојано гледаме се исти лица со искривени морални вредности, тоа не значи дека не постојат добри девојки. Верувам дека тие се поизолирани од оваа урбана џунгла која го замаглува моралот.
Хм...добри девојки ...навидум две едноставни зборчиња , но интерпретацијата е доста варијабилна . За мене не постојат добри и лоши девојки и општо ,човеци . Луѓево сме по природа неутрални а епитетите добри или лоши си ги добиваме според нашите акции во одредени сиутации ,покрај факторите објективност и предрасуди .
Добрите девојки не пцујат! Добрите девојки не се пијанчат. Добрите девојки не се нападни во однесувањето. Добрите девојки не се тепаат.