Среќата на сите ќе ни дојде. Ако не сега, можеби после 5 или пак 10 години ама ќе дојде. Секој си има среќа, некои многу, некои малку. Лошите имаат повеќе среќа, бидејќи ја добиваат со лицимерие, со мамење. А среќата на добрите луѓе е искрена, поголема и повеќе трае.
Мислам дека целата конфузија во темава се создава заради терминот среќа. Ни треба едно зборче плус во македонскиов речник, затоа што едно е среќа како happiness, друго е среќа како luck. Ако зборуваме за happiness, верувам дека не зависи од тоа дали човекот има лоша или добра душа. Таквата среќа е индивидуална, секого го прават среќен различни работи. Некои мали работи кои мене ме прават среќна, друг можеби и не би ги забележал. И обратно. А ако зборуваме за luck - оние кои успеале да направат нешто значајно во нивниот живот преку некакви валкани игри, јас не ги сметам за родени под среќна ѕвезда, туку едноставно за луѓе кои немаат грижа на совест. Тоа не е поклопување на работите по некоја случајност, па да ја наречеме среќа. Тоа е одење до целта без да се мисли да последиците. А таквите - да, успеваат.
Eве што е целата филозофија да ви ја разрешам мистеријата. Добрите луѓе “немаат среќа“ во животот затоа што мислат ако се добри само добри и среќни работи мора да им се случуваат. Не е така. Добро и лошо се случува и на добрите и на лошите. Лошите потсвесно знаат дека се “казнети“ затоа што се лоши, а добрите паѓаат во очај и мислат немаат среќа пошто не заслужиле така, а всушност не ги сфаќаат космичките закони. Се е до психата и до mindset-от. Во секој случај интересна тема, ако сака некој/а да дебатираме, може лп или тука да ми реплицира ама мислам дека сум во право. Е сега факт е дека некој има помалку среќа во животот, а друг има повеќе среќа, ама едноставно тоа е животот, мислам дека се избалансирани работите и од нас зависи дали ќе дозволиме моменталната состојба да ни влијае негативно.
Јас сметам дека многу зависи каква душа имаш за тоа дали си среќен или не.Да зависи,ама сепак на лошите лошо а на добрите добро на крајот ке им се врати. Добрите луѓе немаат срце да прегазат некого за свои цели,додека со лошите е спротивен случај.Тие во буквална смисла не се заинтересирани дали некого повредуваат,дали штети тоа некому и дали воопшто е морално и во ред тоа што го прават.На тој начин се искачуваат на врвот и секако,посреќни се.Но тоа трае додека да им стигне кармата.Истиот случај со добрите луѓе,само што е обратно-имаат добра карма. Но сепак сметам дека лошите не ја заслужуваат среќата,барем не толку како што ја заслужуваат добрите.
Моето лично искуство покажува дека колку е човек подобар и колку повеќе води грижа за луѓето и им ги остварува сите желби, толку помалку среќа има во животот! Во денешно време не чини да бидеш добар, сите ќе те искористуваат! Ама, така ме воспитале, сега е касно да се сменам!!!
Јас многу водам сметка за тоа како се однесувам со луѓето, и тоа многу ме мачи, носам голем психички товар честопати. Не сакам да повредам никој, а мене многу луѓе ме повредиле без око да им трепне и пријатели и партнери, роднини и пријатели. Не можам туку така да зафркнам некој и да не ми е грижа. Тие што мислат само на својот интерес се најсреќни и работат на остварување на своите цели.
Не се согласувам со ова.Добрината е нешто ретко во ова денешно време.Може ќе помине повеќе време, но добрината секогаш на крајот се наоѓа со среќата.Тие се како две разделени сестри на два краја од светот. .Потребно им е само време да се сретнат. Длабоко сум убедена дека добриот човек е истовремено и среќен човек.Зошто лесно е да си лош, а тешко да си добар. Може јавно ви се посмеваат на добрината, но бидете сигурни дека длабоко во себе луѓето ви се восхитуваат. Вие бидете само добри и трпеливи а среќата кога тогаш сама ќе си дојде.
Да бидеш добар и да бидеш наивен па да дозволуваш да те користат, тоа се различни работи. Ако ти им ги исполнуваш сите желби и дозволуваш да те искористуваат, тогаш ти не си добар, туку си глупав. Spoiler во ниту еден случај ова да не се свати како навреда, зборувам општо Моја препорака е бидете добри, ама бидете и мудри. Сега да се вратам на она што треба да го кажам во темава. Мислам дека добрите луѓе и немањето среќа не се многу поврзани. За мене среќата која може да ја имаат добрите и среќата која ја имаат лошите луѓе е различна. А јас повеќе сакам да сум добра и среќна, затоа што тоа е возможно и постои.
Па така ќе излезе дека немаат среќа добрите луѓе... Знаете кои имаат? Баш оние кои ни најмалку не се измачиле во животот,оние кои се ‘хранат‘ со туѓата несреќа,оние кои имаат лице и ниту малку срам и покрај се‘ да се појават и сеуште ниско да играат. Ете баш тие. :geek:
Според мене нема врска, ако си роден со среќа да те прати цел живот каков сакаш биди, среќата ќе ја имаш. Не за џабе се рекло - роди ме мајко со среќа, па фрли ме на буниште.
Мислам дека ако некој човек е доволно добар и прави добри дела со тек на време тоа ќе му се врати. Да си добар не значи да си наивен и секој да те врти како што сака. Да бидеш добар со некој кој искрено го заслужува тоа, со некој кој нема да го искористи. Треба да си добар но да не дозволуваш некој да те зафракава и користи како што сака. А немањето среќа нема врска со добрината и сметам дека секому барем еднаш во животот му се насмевнува среќата.
Добрите луѓе немаат среќа во животот...? Па не би се согласила. Оној човек кој му посакува лошо на другиот и можеби има се’ во животот и мислиме дека е среќен, тој единствено се грижи за едно нешто, за материјалното. Нему само тој материјален свет му е важен и заради него жевиее како цел во животот, па тоа е неговата среќа. Додека добриот човек, неговата добрина извира од длабочината на душата. Тоа е неговиот жив извор на мир и спокој во неа и иако можеби физички и во неговиот надворешен свет коцките на живоот се расфрлани на сите страни. Па затоа, додека сите мислиме дека тој е несреќен, тој е вистински среќен. Тој мир е она што го посакува на сите околу себе, па затоа и ја споделува со сите без да се грижи дали таа добрина ќе му биде возвратена. Но неговиот крај секогаш е позитивен, таа добрина секогаш се возвраќа двојно повеќе .
Читајќи ги последниве постови ми текна на една реченица од Толстој која одеше отприлика вака: „Среќните семејства си наликуваат едни на други, а несреќните се несреќни на свој начин“. И така некако би било. Според мене, среќен човек е едноставниот и добар човек кој е задоволен од себеси и од она што го поседува, било материјално или нематеријално. Тој никогаш нема да каже дека би бил уште посреќен ако успее да исполни уште некоја желба или амбиција што ја има. Едноставно, среќата извира од него, а не од надвор. Од друга страна, несреќниот човек е несреќен (најчесто) заради милион работи кои не успеал да ги оствари а кои наводно ќе го направеле среќни. За овие луѓе најчесто среќата оди правопропорционално со остварувањето на нивните амбиции од секаков профил( повеќе пари, поголем стан, поскапа кола, повисоко работно место), и неретко за да го остварат ова стануваат побезобразни, побескрупулозни, посурови, со еден збор - полоши луѓе. И што е најстрашно некој и се воодушевува од оваа нивна нечовечност, зошто ете, гази преку живи луѓе за да си ја оствари целта! Е ама кога ќе ја постигнат целта, т.е. причината за да бидат среќни, тие сега си задаваат уште повисока цел за да бидат уште посреќни, бидејќи сметаат дека таа„ среќа“ што ја постигнале и не е баш којзнае што. Амбицијата за жал, не познава граница и нема крај. А од среќа нема ни „с“. Напротив, на лицата на ваквите типови ќе прочиташ се, само среќа не!
Во денешно време добите луѓе го јадат најголемиот залак од кој се дават, а лошите луѓе се спасуваат пред време. Ама ако, Господ е голем.
секој со среќата а некој без неа дефинитвно мислам дека кај некои луѓе( да се вбројам) како да се нема. ама здравје..вечна нада
не... туку луѓето кои најмалце се оптеретуваат за глупости најлесно си проаѓаат... моја препорака терајте си своето и бидете си среќни со тоа што си го имате,онака лабав киро и без големи очекувања и потресувања...
Не добрите, туку попустливите, тие што се си земаат при срце, што мислат на секого. Во една епизода на New Girl еден од дечките и рече на Џес: чекај ти секој ден размислуваш за чувствата на другите луѓе? Па како завршуваш работи?