А можеби и не сте толку добри како што си мислите. Не ви текна да помислите на тоа? Се другите се лоши и нечинат, а вие кутрите добри души несреќни сте. Се додека размислувате за другите, ги осудувате како лоши, ви пречи нивната среќа и се споредувате со другите луѓе кои ете се посреќни од вас нема да најдете мир и среќа. Од каде знаете кој е лош и кој заслужил среќа? Сите подеднакво заслужуваме да бидеме среќни. Престанете да ги делите луѓето на лоши и добри, дружете се со оние кои ви одговара да се дружите, престанете да се споредувате со тие според вас лоши луѓе и престанете да им завидувате на среќата, можеби тогаш и на вас ќе ви се насмевне. Мене темава баш на тоа ме асоцира, ако некој друг е среќен одма треба да значи дека е лош, дека со ништо не заслужил да биде среќен, дека јас заслужувам да бидам посреќна од него зошто сум подобра, зошто не оговарам и не правам сплетки, ама изгледа среќата не функционира така. Јас си живеам според тоа дека секој го добива тоа што го заслужува, за да бидеш среќен треба и да заслужиш. Неможе да очекуваме дека ќе ни падне од небо среќата, треба да се бориме за неа и да ги правиме работите кои не прават среќни. Секој си е среќен на различен начин, некој има среќа во коцка, некој во љубов, некој во школо, а некој во семејството. На никој не му е сјајно иако однадвор се чини така, сите не мачат многу работи иако другите неможат да го видат тоа. Јас незнам уопште како препознавате некој кој е лош? Ако ве оговара, ви се одмаздил за нешто, го бие лош глас, не оди во црква, изневерил дечко/девојка... штознам тоа не го прави лош човек, можеби кога е сам се моли на Бога секоја ноќ пред спиење, можеби со целото срце си го сака семејството и се моли за нивно здравје, може прави милиони други добри дела кои ете вие не сте ги виделе, а другиве муабети може и да не се вистина. А тој добриот кој секој ден е со вас, ви помогнал за многу работи, донирал средства во добротворни цели, според вас нема никакви лоши мисли и не е завидлив и одмаздољубив па на само може е клептоман, педофил, манијак, измачител на животни... Зад секое добро може да стои и лошо и обратно, незнам како ви е толку лесно да покажете кон некого со прст и да го окарактеризирате како лош или добар. Гледајте секогаш позитивно на работите и секогаш надевајте се на најдоброто, најдете начин да бидете среќни и не го берете туѓото гајле, другите ќе си бидат среќни и без вие да се секирате за тоа и без разлика на тоа дали вие ги категоризирате како лоши.
Лоши се оние кои се нестабилни, озборувачи, лицемерни и користољубиви. Тие користат секакви финти за да стигнат до посакуваната цел. Постојано си наоѓаат нови овци за стрижење. Добрите луѓе ќе направат 100 добри и 1 лоша работа и сите ќе ги паметат по лошото.
Јас, барем спрема она досега што било, мислам дека добрите луѓе еден ден ќе го добијат она што го заслужуваат и ќе бидат среќни.
Па искрено од мој аспект ко што сум гледала добрите луѓе највеќе патат. Не за џабе добрината веќе со глупавост и смотаност ја граничат...
Повеќето добри луѓе немаат среќа во животот затоа што сите и сечии проблеми ги ставаат пред себе и своите и никогаш немаат доволно време да се посветат самите на себеси.
Тоа е така затоа што всушност среќа не постои, а лошите луѓе не се ослонуваат на среќа туку не бираат средства за да ја постигнат саканата цел. Тука е разликата.
добрите луѓе немаат среќа во животот бидејќи се наивни, веруваат во секого, мислат добро на секого и сметаат дека и другите им го мислат истото, затоа и патат во животот
Така добрите луѓе немаат среќа во животот затоа што првин гледаат за другите а после за нив кога е веќе доцна.
Само завидлив и несреќен човек може да каже дека само лошите имаат среќа. Кога некој има нешто што ти немаш, бараш изговор. Лош е, затоа. Се додека гледаш во туѓата среќа ќе бидеш несреќен. Не, не те газат и користат затоа што си среќен. И не, не е лош тој што се става на прво место.
Нема врска тоа, туку мк е крајно хохштаплерско општество кај што на цена е дрскоста, грубоста, манипулативноста, "снаодливоста" по брзи и заобиколни патеки, солидарност и хуманост не се практикуваат, затоа така ви се чини. Инаку, среќата е превртлива работа, на пример можеш да се родиш убав и здрав, а да бидеш сиромав, или пак во некоја друга комбинација од овие. Можеш да имаш и се, но едноставно луѓето да не ти се погодат и да не можеш да ги поднесеш, па се повлекуваш и ти ојдоа животните шанси. Добрината не игра никаква улога.
Инаку, темава не сум ја отворила лично за мене, туку општо. Баш имам увидено дека оние што се меки како памук лошо поминуваат. Веројатно е до тоа што се трудат секому да угодат, ја трошат својата енергија на непотребни работи и се запоставуваат себеси.
Добрината игра секаква улога! Ако си добар спрема сите, ако ги слушаш, ќе се нервираш, ќе ти праат сплетки, ќе те користат.... тоа е кога на добар човек ќе му бараш пари као за јадење а на тебе за друго ти се. И он пошо е добар, ќе ти верува и ќе ти даде. И тука он ќе изгуби. А ако си човек да не ебеш жива сила, да не помагаш на никој и да не зборуваш со секој (ова повеќе го ценат) , да газиш се пред себе за да дојдиш до целта, тогаш за тебе викат дека си снаодлив и ти се плашат. За жал, снаодливите денеска повеќе се ценат, а со добрите сите се заебаваат.
Таквата среќа нема мерило повеќе, помалку. Се е до психата. Добри луѓе? Колку добри? За кого, како се добри Исто нема мерило. Исто психа Моето мото сепак е: Какви ти се мислите таков ти е животот!