Good girls е американска криминалистичка серија (драма) која започнува да се снима во Февруари 2018 година па се до Јули оваа година. Серијата има 4 сезони, од кои требаше да има и петта сезона но за жал нема да се снима. Дејството е насочено кон трите другарки Бет,Ени и Руби кога решаваат да го одграбат маркетот во кој работи Ени како касиерка. Сѐ ќе се промени кога ќе сфатат дека украдените пари од маркетот припаѓаат на ганстерот Рио и на кој ќе треба да му ги вратат… Имено, многу инсерти ми излегуваа на Тикток за серијава и решив да ја почнам. Сега сум до втора сезона стигната, првата беше супер, втората малку го тупат, но многу е превртлива целата приказна… Дали некоја ја гледа? Многу ми се допаѓа Рио ( Мени Монтана ) но некако не ми се компактабилни со Кристина (Бет) ко пар во серијата. Нешто се шушка дека поради несоработување меѓу Кристина и Мени петтата сезона е откажана.