Не најдов ваква тема, имаме тема за каде да не се вработиме, али ко што видов немаме тема да ги пофалиме фирмите каде се грижат за своите вработени. Па повелете, за кои фирми би ги охрабриле другите членови доколку сакаат да аплицираат? А, и да се надополнам, доколку е можно темата нека биде повеќе за Скопје, али нема веза можеме да кажуваме за цела држава
Можеш да почнеш, и јас барам таква фирма. Веројатно софтверските компании вредат, ама треба да си во струката. Позз
Навистина ли сте толку разочарани? За жал состојбата со работа кај нас сите знаеме каква е, али мора да се наоѓа барем една компанија, еден задоволен вработен
Се надевам дека се зеза...од што да се задоволни вработените во асминистрација? Од можноста никогаш да не се унапреди ? Од "високите"плати? Или од препотентните шедови кои знаеме како се назначени?
Пa oд некoј штo лепел плaкaти и oдел oд куќa дo куќa дa мoли зa глaсoви не мoжеш и дa oчекувaш дa имa пoгoлеми стaндaрди. Зaдoвoлни се сo тoa, некoи и пoвеќе oткoлку штo требa. Сoнoт им се испoлнил.
А колку приватни фирми има со подобри услови?И за таму треба некоја добра струка да имаш за да си платен ко што треба па и тогаш е прашање дали ќе влезеш, посебно без искуство.
Интересно е мислењето дека вработените во државно секогаш уживаат и ништо не прават, и немаат никакви нервози и се задоволни. Јас се чудам за што се тепаат младите, лепат плакати, за да одат државно. Моите цел живот работеа државно, и се соочуваа со следното: мобинг, неписмени и злобни (моќни) директори кои немаш каде да ги пријавиш , закани, местенки, неетички наредби кои мораат да се исполнат, грешни обвиненија.... не знам, можам книга да напишам колку пати дома болни паѓале, биле под стрес и слично. Во државно мора очите отворени оти можат да те наместат толку лошо, што можеш во затвор да завршиш... Е сега, како е за оние што се моќни и со многу јаки врски, не знам.
Јас и мм сме во приватни фирми... имаме одмор, боледување (не сме имале потреба за тоа до сега, фала БОгу) и дефинитивно празници слободни. Кога работеше мм во здравствена установа, исто во приватна фирма, работеше празници, нормално, ама до еден му беа платени. Така да... јас би рекла ако работите во фирма која не ви дава одмор или ве тера да работите на празници без да ви плати како што треба, тогаш дајте си отказ и вработете се во фирма која го дава сето тоа.
Тоа е темата, која фирма? Јас работам празници, викенди, трета за минималец, па сакам да сменам ама не знам каде. Ако сте Ајти, блазе вас. Поз
Според тоа што имам слушано од повеќе луѓе од IT секторот, Endava. Нудат многу добра почетна плата како за наши услови, а и доста се задоволни од односот на надредените.
Задоволна сум од IT logistics. Нема врска со IT, call центар е за амерички пазар, странски газди ама многу коректна фирма. Почетната плата е минимална, но со големи бонуси.