Добро основно училиште во Карпош или Центар?

Дискусија во 'Образование' започната од LunaSyrene, 8 ноември 2018.

  1. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Бидејќи моето дете во моментот учи во катастрофално училиште "Војдан Чернодрински", каде е под постојан психички притисок од одредени наставници. Каде е редовно е обесправувано, стигматизирано и оценките му се неправедни постојано, од истите наставници.

    На пример на тестови со точни задачи добива 2ки и 3ки, затоа што наставникот си претпоставува дека некој му ги диктирал одговорите по телефон или препишувал. По други предмети при поправка на оценки не му се внесени новите поправени оценки.

    Детето пати од социјална анксиозност, ментална состојба која буквално го парализира при зборување пред луѓе, но наставниците наместо да помогнат во решавање на проблемот, само го продлабочуваат. Неговата тивкост си ја имаат врзано во крпче како незнаење, и детето и кога покажува знаење, на тестови, веднаш сметаат дека препишувал и му ја намалуваат оценката.

    Сакаме да го преместиме во друго основно училиште на територијата на Карпош или Центар. Ме интересираат училишта каде има посветени наставници, не ме интересира каде има најмногу 5ки, само каде има нормални, психички и ментално здрави наставници. Кои не оценуваат по претпоставки туку по знаење и вложен труд, и кои се трудат околу децата навистина, а не кои ги интересира само да шлапнат оценка и кои се ситат и малтретираат мирни и повлечени деца.

    Детето во моментот е 7мо одделение. Слушаме пофалби за Кочо Рацин во центар и за Христијан Т. Карпош во Карпош, ама не знаеме дали е само фама и стара слава или таму се навистина ОК наставниците. Во сегашново училиште веќе не можеме да се бориме за правда, а и не можеме веќе да гледаме како детето ни пропаѓа психички и ментално.
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    6.576
    Допаѓања:
    30.699
    Пол:
    Женски
    Дали е разговарано со службата? Тоа е прв чекор за да се разреши побезболно ваква ситуација, зашто тие се должни да понудат решение.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Да разговарано е во повеќе наврати ама резултати нема никакви, затоа и сакаме да го смениме школото.
     
  4. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    2.663
    Пол:
    Машки
    Lazo Trpkoski, Jan Amos komenski vo moe vreme bea dobri ucilista.
    Perar pop Arsov isto.taka., a mislam deka I Cernodrinski bese dobro ama sega neznam kako e posle 15 god moze e smeneto
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Женски
    Не може кај сакате.Можете да го префрлите само во школо кое е во реонот каде што живеете.
     
  6. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е јасно, затоа и прашувам за Карпош и Центар.
     
  7. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    30.780
    Во сите училишта е исто.
    Ни наставниците се педагози и психолози, ни психолозите имаат појма од психологија.

    Притисни ги службите. Закани им се со пријави... а ако треба и пријавувај ги.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    6.789
    Пол:
    Женски
    @LunaSyrene мислам на полугодие да го испишеш детето.И јас во основмо бев жртва на bulling само што не знаеа професорите за тоа.Никогаш не кажав и сама го надминав тоа.Џабе ќе збориш не сфаќаат за сериозно мислат детски игри се тоа.За жал тоа може некогаш да се одрази во тинејџерството и да остави белег врз детето.
    За школиве од Карпош знам нешто.
    П.П.А се распашана команда, наставниците се океј ама децата се ужас..знам деца од 3 различни генерации од таму..Сите се збеснати, насилни и безобразни.И машки и женски.За Коменски сум слушала пофални зборови имам другари и другарки кои имаат завршено таму.
    За Димо Хаџи Димов исто, многу деца со попреченост во развојот имаат завршено таму, се грижат за сите деца.Без разлика какви се, службата е океј и наставниците исто.Братство не ти го препорачувам ич ама ич.За Владо Трповски во Козле исто имам слушано пофални зборови само што школото е мета на чести заболувања, скоро имаше шуга во школото колку што разбрав.За Лазо Трповски не знам да ти кажам искрено.
    За Песталоци немам некои посебно зборови ама знам дека ништо не ги учат децата таму и излегуваат со ,,фалинки”.Коле Неделковски е исто супер школо, добри наставници добар кадар.Децата какви се не знам искрено да ти кажам.Мојата генерација има веќе 3 год поминати како завршила основно така што не можм да кажам .
     
    На LunaSyrene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 фала ти на информациите :).
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Женски
    Реонизацијата ќе ви прави проблем.Ќе треба подетално да се распрашаш дали ќе може во некое училиште да се префрли и во кое.Знам случаи во кои имало отстапки доколку детето имало потешкотии поради булинг.Неправедни оцени не се некоја јака основа за префрлување.
    Пробај уште еднаш со појак тон да зборуваш со педагогот и директорот на училиштето.
    Ако не бива,види каде, ако воопшто може, може да го префрлиш детето.
    За школиве....
    Братство е тотална катастрофа(беснотилаци и насилници одат таму,а не учат многу).
    Коменски би било добар избор.Ако живеете во Тафталиџе,ќе треба да учи во школо на таа територија.
    Владо Тасевски во Козле е за никаде.Нереални оценувања,не се казнуваат секогаш насилниците...
    Кочо Рацин порано беше сметано за строго,сега не знам.
    Повторувам,реонот ќе ви биде пречка освен ако имате врски или чиста среќа.
    Те советувам ти и татко му редовно да разговарате со вашето дете ,а и ако сте во можност да го однесете на разговор со некој психолог,барем на неколку средби.Важно е да почувствува љубов и внимание,тоа многу ќе му помогне да биде психички подобро. :)
     
    На LunaSyrene и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle Можеби генерално гледани нереални оценки не се проблем, но во нашиот случај се сериозен проблем.
    Да се влијае врз проблематичните наставници сме пробале и со внимателен, фин пристап, и со жалење до администрацијата. Додека годинава не стигнавме до повишен тон и закани за пријави. На крај ескалираше со физички напад врз мене од еден од наставниците, бев прилично грубо турната во ѕид. Само затоа што на построг тон го прашав зошто на од него, наставникот, штиклирани точни одговори на тест (сите до еден) оценет е со 2ка. Покрај што ме турна ми се развика дека нема он шо мене да ми објаснува. Веднаш се пожалив и кај педагогот и кај директорката, добив само демагогии како наставникот бил стар и не му бил денот. И да сме се обиделе да го молиме да му дозволи на детето да ја поправи оценката. А што да поправа, сите одговори се точни?!
    Инаку детето си добива љубов и внимание.
    И покрај екстремната срамежливост до 5то одд имаше фантастична наставничка со која многу соработувавме, и имавме голем напредок.
    Со новите наставници, лани во 6то, се се врати назад по неколку инциденти. Меѓу кои и инцидент во кој при одговарање наставникот ( и лично ни призна) му рекол да не се занесува многу и да не се прави многу паметен, кога на поставеното прашање дал премногу креативен и опширен одговор (зборови на наставникот) . Кога прашавме дали одговорот бил точен, ни рече да но не бил формулиран како што било напишано во учебникот.
    После се што имаме доживеано од 6то навака во училиштето се чуствуваме како да живееме во рубриката верувале или не. Се уште и на нас не ни се верува што ни се случува.
    Инаку детето не е со пречки во развој, има аспергеров синдром, и работи со психолог. Аспергеровиот синдром се карактеризира со висока интелектуална способност, но потпросечни социјални вештини (екстремна срамежливост, социјална анксиозноста несоодветно реагирање во контакти со непознати и сл.)и емоционална незрелост. Психологот ни сугерираше да размислиме за промена на училиште уште лани. Но тогаш се уште имавме надеж дека со упорност ќе успееме нешто да подобриме. И се надевавме дека нема да треба да го двоиме од трите единствени другари, што ќе му биде страшен стрес. Но веќе не можеме да се бориме.
    Инаку фала на исцрпниот одговор :)
     
    На Waverly Raven, WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Женски
    @LunaSyrene Ако,нека продолжи со разговори,терапии.
    Според тоа што го напиша,ќе му треба промена.
    Ако и по промената му дозволите да биде во контакт со трите другарчиња,подобро ќе поднесе нова средина.
    Распрашајте се дали е изводливо и каде би можел да се префрли.И се надевам дека ќе ви се посреќи.
    И јас сум била во непријатни школски средини,знам дека не е лесно да се трпат неправди и потсмеви.
    Имајте верба и мислете позитивно! :)
     
    На LunaSyrene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle се разбира дека ќе се трудиме да не загуби контакт и дружба со другачињата. :).

    Благодарам на поддршката!
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mode-kristina

    mode-kristina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.123
    Пол:
    Женски
    @LunaSyrene моите другарки од средно кои учеа во Владо Тасевски навистина имаа знаење што значи дека оценките им беа реални. Коменски е супер училиште. Песталоци исто така многу го фалат. За Братство се изнаслушав многу негативни коментари, па подобро не го запишувај таму. И за Петар Поп Арсов и Димо Хаџи Димов имам слушнато добри коментари.

    Инаку @nextredstyle, Кочо Рацин веќе не е ниту С од строго. Дури и премногу попустливо. Ова го имам слушано од другарки од средно кои учеа таму и коментарот за секој наставник беше: "На сите 5ки ни ставаше“.
     
    На Feminka22 и LunaSyrene им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Женски
    Секој доживува различно искуство.Не можат сите да бидат задоволни.А,години проаѓаат,наставници се пензионираат или се менуваат....
    Ете,членката може да прочита различни мислења,па да си види.Сепак,реонот го ограничува изборот,па затоа `и е даден совет за се детално да се распраша.
     
    На LunaSyrene и mode-kristina им се допаѓа ова.
  16. mode-kristina

    mode-kristina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.123
    Пол:
    Женски
    Сите на еден или на друг начин ѝ го кажавме тоа со нашите препораки. Јас затоа ѝ ги предложив тие училишта. Не дека не се согласувам со тебе, само кажав дека последното кое го ти ѝ предложи е сменето. Тоа не значи дека не си во право. Некогаш можеби било строго, но веќе не е. Само се надоврзав на твоето мислење.
     
  17. LunaSyrene

    LunaSyrene Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
  18. LollySky

    LollySky Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    12.400
    Пол:
    Женски
    Јас би ви го предложила Христијан Тодоровски Карпош, релативно малку ученици, мали паралелки, не е од извиканиве снобовски училишта туку баш маалско училиште со нормални деца и наставници.
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    10.045
    Пол:
    Женски
    @LunaSyrene само подалеку од Песталоци :nod:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elenpelen

    Elenpelen Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Зошто подалеку од Прсталоци?
    Порано беше врв училиште, во позитивна смисла, толку му опаднал квалитетот? Зарем за целото училиште важат лошиве коментари?