Порано..пишав погоре.Другари/другарки мои што завршија таму пред 3 год. ми имаат кажувано дека е КАТАСТРОФА.Нити се замараат за нив нити ништо.Јас тоа знаење што го добив во основно е дупло од тоа они што го имаат, ама најозбилна сум.И во поглед на јазици и во поглед на математички и општествени науки. Г од германски не знаат, во прва ја учеа таблицата за множење на броеви над 100.Прост квадратен корен не знаат да прерачунаат.
Сменети се времињата за жал..сменето е сè.Сега професорите и наставниците гледаат да си ја земат платата во џеб.Нивно е да предадат, кој сфати сфати кој не со прстот во уста.И генерациите се такви.
Порано да било, сега е дно во секој поглед, ниту има квалитетен наставен кадар кој треба да пренесе знаење, ниту знаат да воспитаат ученици... Некој ќе рече воспитувањето е од дома, да ама кога ученикот не е воспитан од дома, треба да го воспитаат во училиште, а не учениците да бидат распашана команда. Наставниците се далеку од квалитетни во секој поглед.
се согласувам потполно, да не имаш учено тука? катастрофа се учениците да не можеш другар за голем одмор да најдеш, дно.. хорор се..
А дали некој има информација во ОУ Гоце Делчев и ОУ Киро Глигоров каков е квалитетот на кадарот? На есен ќерка ми треба да оди на училиште и би сакала да ја запишам некаде каде навистина ќе научи. Јас учев во Гоце Делчев (Ленин тогашно) и тогаш беше едно од најдобрите училишта, ама за 30 и кусур години сигурно многу се сменило... Било каква информација е добредојдена.
Многу зависи пд наставничките, па и од децата што ќе се паднат во одделение. Со двете деца имам сосема различно искуство во истото училиште. Кај едното, имаше другарство, постојано ги мотивираа да се натпреваруваат, да читаат, да пишуваат, одлични сеца излегоа. Кај другото дете - се оговараат меѓу себе, се омаловажуваат, никој ништо не учи, упропастена генерација. Мојот став е дека најубаво е детето да учи во најблискито училиште, ама убаво е барем да се дознае кои се најдобри наставнични во таа генерација, па кај нив да се запише. А не се доаѓа лесно до ваква информација.
Здраво, дали некој знае како се одвива наставата во Лазо Трповски? Ме интересира дали се многу деца и дали и кои одделенија одат во смени?