Епа добро утро и од мене за оние кои сега стануваат (затоа што Хипи беше на факултет од сабајле). Имајте пријатен ден, гледам временцево забегува, но немојте да дозволите дури ни дождот да ви го расипе расположението.
добро утро скопје,добро утро македонијоооооо ,добро утрооо феминкиии имајте убав ден исполнет со многу љубов и срекааааа
Добро утро на сите! Сонцето ветува... се надевам дека денот ќе биде прекрасен, сончев... исто и викендот. Уживајте драги мои!
Добар ден девојки и жени... Имајте позитивен ден...Сите кои моментално го пијат своето кафенце со Фемина како и јас,нека ви е наздравје. /img/glitterimage4.gif
Добро утро за сите феминки што во моментов треба да работат, а тие си седат на Фемина и неможат да се исклучат Фемина/кафе Утро!!!
Добро утро на сите. Еве нешто за вас Веќе подолго време се прашувам, која е поентата на правење листи и „To Do“ списоци? Некаде прочитав дека повеќе од половината граѓани не можат да функционираат без нив. Разбирам ако, поради некој психолошки фактор, сте добиле задача да составите список на желби и соништа кои сакате да ви се исполнат, кои подоцна некој академик, ќе се обиде да го спореди со вашите спомени, што ќе му овозможи да ги пронајде вашите стравови и така да ви помогне (доколку воопшто имате проблем). Ама да составите листа и потоа да се „убиете“ од правење сѐ што е во ваша моќ да го исполните зацртаното... Ок ајде, можеби и има смисла. Моќта на потсвеста. Ама сепак. 8. До наполнети 10 години мора да имам велосипед… 13. До наполнети 16 години мора да имам девојка/дечко… 22. До наполнети 25 години мора да имам скокано со падобран… 35. До наполнети 30 години мора да имам 2 деца (по можност момче и девојче)… Што е многу, многу е! Што ако до наполнети 10 добиете и велосипед и тротинет? А што ако до 25 години станете пилот? Што ако додека наполните 30, добиете 3-4 дечиња или не добиете ниту едно? Што ако наместо адвокат, станете судија? Што ако наместо актер, станете режисер или писател? Се прашувам што би имало во листата на еден Французин на пример. 6. Утре мора да изедам два кроасани и да испијам една чаша вино А кај Италијанец? 1. До недела мора да „запознам“ (чекај да видам: три на ден, седум дена во неделата) 21 девојка/жена Кај Русин: од 1 до 101. Вотка!? Кај Јапонец: од 1 до 1001. Работа, роботи, работа, роботи Знаете дека се зезам нели? Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам. Немам право на тоа. Секој на свој начин го живее животот. Но, нели сето тоа е малку заморно? Нели е малку напорно? Нели одзема време? Scrapbook со вашите свадбени желби, однапред испланирано време за кога ќе одите во пензија… Зошто ги броите деновите? Зошто беспотребно губите време кога токму тоа време можете да го искористите за исполнување на вашите желби? Зошто да чекате? Не правете планови до 101 и назад. Направете план од денес за вечер или најдоцна за утре. Не треба да се плашите да нишаните високо, ниту треба да ве плаши старата „Кој високо лета, ниско паѓа.“ Битно е после тоа да станете, да го истресете коленото, да ги измиете дланките и да почнете одново. И одново и одново, ако треба. Сѐ додека не одлучите дали ќе се борите за да победите, или ќе се откажете. Ама одлуката треба да биде ваша. Затоа мои драги, одлучете да не одлучувате предвреме. Тоа е веројатно еден од начините да не се разочарате. Не велам да не сонувате, не велам да не се надевате. Велам, не се ограничувајте. Утре… утре е сосема нов ден. И ново изненадување! Едно е сигурно. Ќе изобилува со љубов! (сметам дека за оваа подобро место е тука отколку во Насмевка бидејќи не е текст туку колумна ) Оригинален извор Кафе Пауза