добро утро феминки...се надевам дека веќе го испивте вашето прво утринско кафе и сте спремни за почеток на денов недела...најмрзелив ден, а ме чека толку учење...се разбудив со звукот на правосмукалките и најјаките шабани што се дежа ву секоја недела кај мене во маало.го сменивте ли часовникот? сега сигурно рано ќе се стемни, па за скоро ќе си посакуваме и добра ноќ... сепак, имајте убав остаток од денов
Добро утро феминки.Јас уште очи не сум отворила,а книгата во раце ми стои... Отидов да учам јас,.како и да е оваа ке е тешка недела .. ве бакнувам
Добро утро на сите испив едно утринско кафе дома,сега на работа уште едно со колешките и почнувам со работа.Ова утро сум добро сакам да останам смирена и да престанам да се нервирам.
Добро утро феминки , само што мене утрото ми започна во 5 и 45 Комшиите имаат мало кученце па кутрото уста не затвори уште од 5 саат, ама тоа ти е Имајте преубав ден
Станав во 8 и 30, иако планирав да станам два часа подоцна. И не ми е криво. Прекрасно, прекрасно утро Камо секое да ми е вакво. Камо секое утро да имам вакво пријатно чувство во градите. Го сакам животот Спојлер И еве ви една песничка за пријатно утринско размрдување http://www.youtube.com/watch?v=2cx3m7z2 ... re=related
Добро утро добри жени. Најпрекрасно е утрото кога се будам наспана, свежа... и пред се СРЕЌНА. И тоа онака, без причина, оставам причината да ја пронајдам во текот на денот. И да... жал ми е за сите кои спијат до доцна во денот, и немаат шанса да уживаат во убавината на утрото. Тие си знаат...
Добро утро феминки, ранобудник сум станала Во 6 и 40 станав и планирам да си го искористам денов максимално. Имајте убав ден!