Добро утро и од мене женчина и по некој забеган маж ако има .. Имајте убав ден.Танцувајте .. И Каша немој вакви работи по сабјлечи , има трудни женички на форумов
Добро утро (29-ти ноември) 29-ти ноември е 333-иот ден во годината според григоријанскиот календар (334-и во престапна година). Остануваат 32 денови до крајот на годината. Настани: 1926 – Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната „Пена“, прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово. 1943 – Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија. 1947 – Генералното собрание на Обединетите Нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел. 1958 – Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат италијанската телевизија. 1962 – Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот „Конкорд“. 1973 – Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија. Родени: 1797 – Гаетано Доницети, италијански оперски композитор. 1932 – Жак Ширак, Претседател на Франција. 1951 – Мирче Нешовски, македонски поет. 1964 – Мајк Матијевич, хрватски музичар. Починале: 741б – Григур III, римски папа. 1268 – Климент IV, римски папа. 1314 – Филип IV Убавиот, крал на Франција. 1543 – Ханс Холбајн Помладиот, познат германски раноренесансен сликар. 1634 – Клаудио Монтеверди, италијански композитор. 1916 – Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. 1924 – Џакомо Пучини, италијански оперски композитор. 2001 – Џорџ Харисон, член на Битлси. Празници: * Ден на Републиката во поранешна СФРЈ во спомен на прогласувањето на федералното уредување на Југославија на уставотворното собрание 1943 година, Второто заседание на АВНОЈ. Со распадот на СФРЈ се престанало со одбележување на овој ден во сите републики на поранешна Југославија освен во Србија каде останал како празник во Сојузна Република Југославија се до 2002 година.
ова утро сакам да ви го разубавам денот со едно кафенце и добра музичка нумера за размрдување http://www.youtube.com/watch?v=x6sHUS7J ... re=related
Феминки уживајте во денешниот сончев ден искористете го до максимум .Ви посакувам убав ден исполнет со насмевки и позитивна енергија Ваша Мис Батерфлај
Добро утро цури )) ... Moжеби моево е накај добар ден xD У главно ,многу се одморив, полна сум пак со енергија,оти вчерашниот ден ме уби начисто .. Го пијам кафето во омилената голема шолја и буричкам по форумов . Имајте пријатен,исполнет сончев ден ...
Добро утро,денес е среда-среќен ден,нека ви биде на сите таков Уживам во јакото турско кафе и Фемина,мераци,ми фалеа ваквите утра Наздравје на сите кои ми прават друштво во моментов
Прво станување и го облакам тиркизниот џемпер на мама, си барал тој љубов и трпение. Ги дигам ролетните, го отварам прозорецот, тишина и мир, голи гранки и куќите на соседите кои се како мали каменчиња, и речиси сосема невидливи во пролетниот, летниот, зимскиот и моментално, есенскиот пејсаж од мојот прозорец. Благо кафе со млекце, здивот на утрото, сонце колку за светлина и прашањата на баба. Убаво ми е во овие секси папучи и во овие секси пиџами под тешкиот џемпер. Го топлам носето со жешкиот филџан и се одмарам од соновите. Добро утро http://www.youtube.com/watch?v=22_ZDHd1WmY