Добро утро на сите ! Уствари, не е баш добро, али за кого како. На тие што ви е лошо, да ви стане добро. На тие што ви е добро, уште подобро.
Ме разбуди звукот на пералната, но барем знаев дека тука е мама со новата тура алишта и автоматски срипав од топлата постела за да ја гушнам. Вчера ми се појави на сон, а тие баш знаат да ти го обликуваат утрото и првите мисли. Таа ме бакна на челото и ми посака добро утро кое си го присвоив за цела недела и лакомо ја зграпчив нејзината љубов за да ме топли преку целиот ден, недела... преку целиот живот! Во мојата соба светлината е слаба ради тмурното време. Го гледам снегот додека го чекам утринското кафе и мислам на оние денови кои нема да ги почнам во мојот дом, колку тешки би биле тие? Иако некако и куќата и градот станаа претесни за мене, знам дека кога ќе заминам ќе ги повикувам во мислите и соништата. Утрата се само почеток, кога сме сите толку чисти во утробата на нашиот дом. За кога ќе нурнеме во денот да се извалкаме од спомените, нечистотијата и духот на градот. Едно понеделничко добро утро од мене
Денов ми започна рано утрово. Се расонив со еден утрински туш и сега мирисам на јоргован, додека надвор врне снег. Барем малку да ја почувствувам пролетта... Ме чека малку напорен ден, со надеж дека нема да паднам на снегов по којзнае кој пат. Имајте убав понеделник и уште поубава работна недела
Еден ранобудник ви посакува Добро Утро Гледам надвор не врне снегче, и ме радува тоа. Посакајте ми среќа денеска, ќе ми треба!
^^ Јас само што видов дека врне и се молам да стигнам на време таму кај што ќе тргнам Со среќа Анабела! Имајте убав ден, без многу градски метежи... ако е возможно!
добро утро на сите имајте убав ден полн со љубов срека возбуда и во сето тоа малку авантура но сето тоа да биде без гратски метежи
Добро утро! Нека позитивни вибрации заструјат во воздухот, каде и да сте. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... aGUr6wzyT8