Имајте убав ден уз најлепше жеље . Заблажете се малку, ќе ви се слоши од сите тие кафиња низ темава .
Добро утро ранобудници! Навиката си го прави своето. Сабота е, а јас пак станав рано. Ама ако. Подобро ми е вака, продуктивна и разбудена. Од спиење спомени нема. Кафе не ви праќам, ама ќе ви испратам топли поздрави. И чувајте се од настинки, јас сум готова.
Ajт и до мене И јас како ранобудник,кафето веќе го испив,нека ни е наздравје,сега е време за зелено чајче
Супер ми е кога во сабота ќе станам во 7 и денот ќе го започнам релаксирано, со чувство дека имам време за СЕ. Низ дома мирис на омекнувач од алиштата што само што ги распослав низ радиаториве. Домашното лепче се пече (во апарат за леб, да не дојде до забуна дека сум супер домаќинка). Надвор снежи, а дома на 28 се шетам по маица. (Железаро заради ова те сакам ) И Добро утро, се разбира...
Добро утро и од мене! Ова саботно снежно бело утро го почнувам работно! Морам! Поздрав до сите ранобудни феминки
Добро утро на сите!!Седам покрај прозорот,пијам кафе и уживам во оваа снежна идила Имајте убав ден феминки
Добро утро и Убав ден и од мене. Тие што уживаат на времево им посакувам да се изнашетаат по снегов,а тие што не го сакаат,топло чајче и Фемина е со нас!
Пак јас прва да кажам: Добро Утро! И денес рано се разбудив.Ама не станувам уште, се излежувам.Па недела е, мора малку помрзеливо. Не беше баш пријатно будењето, ме разбуди болка во стомакот. Влегувам во ПМС зона изгледа. Како и да е, ќе биде ова мрзлив ден за мене. Одмарање, филмчиња, интернет, музика.. Му водам инат на времево, излегувам само по итна потреба.. Имајте убава и релаксирана недела. Пред се' одморете се и посветете си внимание на себе. http://www.youtube.com/watch?v=DQAKY1ntM9o
Добро утро и убав ден. Нека ладниот зимски ден го „затоплиме’’ со позитивни и убави мисли и топло утринско кафе. На здравје нека ви е!